Препорачуваме

Boshkoska, Meri (2019) Препорачуваме. Еквилибриум (29). p. 21. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Во овој број на Еквилибриум, како и вообичаено, споделуваме интересни наслови кои се надеваме ќе побудат интерес кај нашите читатели. Овојпат, мотивот е релативно новата крипто-валута Биткоин која побуди голем број контроверзи во финансискиот сектор во светот и кај нас.
„Дигитално злато“ (Digital gold: the untold story of bitcoin) е книга на Натаниел Попер, издадена во 2018 година од издавачката куќа Арс ЛИБРИС. Делото „Дигитално злато“ е досега најобемната историја на биткоинот и претставува возбудлива приказна наменета како за биткоин-ентузијастите, така и за неупатените во областа на криптовалутите. Ова исклучително и возбудливо четиво ја следи несмасната работа на основачот на „Мт. Гокс“, Марк Карпелес, подемот и падот на „Патот на свилата“ и деловните авантури на биткоин-проповедниците, Роџер Вер и Чарли Шрем. Покрај новинарски прецизните и документирани преданија, книгата содржи и лесно разбирливи објаснувања за техничките, но и за пошироките економски, па и филозофски аспекти на криптовалутите и технологијата на блоковски синџир. „Дигитално злато“ е задолжителна литература за секој што сака да го разбере она што многумина го сметаат за најголем пронајдок после интернетот.
„Банкарството на биткоинот“ (Banking on Bitcoin) е еден од најпопуларните документарни филмови за биткоинoт кој дава детален преглед за тоа што претставува биткоинот и како истиот ќе ги обликува животите на луѓето. Филмот е продуциран во 2016 година и истражува како парите се вклучени во централизираните системи како што се банките и како тие станале корумпирани, нефункционални и неефикасни. Овој документарец се обидува да им даде до знаење на гледачите зошто биткоините се добра алтернатива на парите и дека тие се единствените чесни пари кои се ослободени од корупција или модификација во каква било форма. Ако сакате да знаете зошто толку многу луѓе веруваат во иднината на биткоинот, гледајте го „Банкарство на биткоинот“.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Feb 2020 19:00
Last Modified: 29 Feb 2020 19:00
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3682

Actions (login required)

View Item View Item