Промоција на дипломирани економисти и магистри

Risteski, Stefana (2019) Промоција на дипломирани економисти и магистри. Еквилибриум (29). p. 11. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium29c.p...

Abstract

На 17 декември, 2019 година на Економски факултет-Прилеп се одржа свечена промоција на дипломираните и магистрираните економисти коишто дипломирале и магистрирале во период од 16 октомври, 2018 година до 15 октомври, 2019 година. Промоцијата беше организирана во холот на Факултетот што беше соодветно декориран, а беше збогатена и со културна програма. Свечениот собир, со своето обраќање го поздрави деканот на факултетот, проф. д-р Драгица Оџаклиеска која истакна дека влогот во образованието претставува влог во иднината на секој млад човек, а стекнувањето со диплома е предуслов за натамошниот професионален успех. Во продолжение, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, проф. д-р Сашо Коруновски во својот инспиративен говор ги истакна напорите што Економскиот факултет-Прилеп и Универзитетот ги прават за едукацијата на компетентни високостручни кадри. Во своето шеесет годишно работење до денес, Економскиот факултет-Прилеп има едуцирано броен на стручен кадар што може да се сумира преку следниве податоци: 7.281 дипломирани економисти, 411 магистри по економски науки и 85 доктори по економски науки. На оваа промоција беа промовирани вкупно 143 дипломирани економисти и 33 магистри по економски науки. Економскиот факултет-Прилеп, според веќе воспоставената традиција, на најдобрите дипломирани студенти им додели награди и пофалници. Во тој контекст, за најдобри студенти со просечен успех 10,00 беа прогласени Илиева Лидија Ѓеоргина и Нешкоска Христина на кои им беа доделени пригодни награди и пофалници. Оние студенти, пак, кои дипломирале со просечен успех повисок од 9,00 добија пофалници за постигнатите резултати. Целокупната манифестација помина во свечена и пријатна атмосфера и се надеваме дека долго ќе остане запаметена од дипломираните студенти и магистри, како и од сите останати присутни. Овој ден ќе остане засекогаш во сеќавањата на дипломираните студенти, а на новите членови на академската заедница им ја упатуваме пораката да веруваат во себе и да продолжат по патот на успехот.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Feb 2020 19:00
Last Modified: 29 Feb 2020 19:00
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3680

Actions (login required)

View Item View Item