НАТО караван

Spaseska, Tatjana (2019) НАТО караван. Еквилибриум (29). p. 9. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium29c.p...

Abstract

На 22 ноември 2019 година деканот на Факултетот за безбедност од Скопје, проф. д-р Никола Дујовски, пред студентите од Економскиот факултет-Прилеп одржа предавање на тема „Перспективите на Северна Македонија со членството во НАТО“, во рамките на НАТО караванот, а како дел од активностите на проектот Инфоцентар за евроатлантски интеграции. Целта на овој настан беше поттикнување дебата со студентите за придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на Република Северна Македонија во НАТО алијансата, со посебен акцент на предизвиците и препреките кои се надминаа во процесот на интегрирање. Со оваа дебата, студентите на Економскиот факултет-Прилеп имаа можност детално да се информираат околу целиот процес на интеграција на нашата држава во НАТО алијансата, придобивките од членството како и улогата на НАТО во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко. Настанот наиде на голем одзив кај студентите и професорите од Факултетот, кои со интерес го проследија и активно учествуваа во дебатата. Како што истакна деканот Дујовски, членството на Република Северна Македонија е значајно од безбедносен аспект, бидејќи ѝ овозможува на нашата армија да остварува блиски односи и да соработува со армиите на земјите членки на НАТО, но истовремено отвора и нов пазар за нашите компании. Имено, влезот во НАТО алијансата, отвора нов пазар со обрт околу 5 милијарди евра за македонските компании. На дебатата беше потенцирано дека сите земји кои влегле во НАТО имале огромен финансиски бенефит од членството во најмоќниот и најстабилниот сојуз во светот. Фактот дека земјите членки на НАТО годишно инвестираат околу еден трилион долари за да ја обезбедат сигурноста и безбедноста на околу една милијарда луѓе, им дава доверба не само на странските инвеститори, туку истовремено ги стимурила и инвестициите на домашните инвеститори. Во тој контекст, беше потенцирано дека се реални очекувањата за зголемен прилив на инвестиции, што ќе придонесе до намалување на невработеноста, економски раст и развој, како и подигнување на животниот стандард на населението во нашата земја.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Feb 2020 19:00
Last Modified: 29 Feb 2020 19:00
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3679

Actions (login required)

View Item View Item