Свечено врачување ваучери на стипендирани студенти

Midovska, Marija (2019) Свечено врачување ваучери на стипендирани студенти. Еквилибриум (29). pp. 5-6. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium29c.p...

Abstract

Во согласност со определбата на Економскиот факултет-Прилеп за промовирање и унапредување на врските со деловната заедница, а со цел воспоставување на заемно корисна соработка, оваа академска година беа обезбедени 20 уписнини за првиот семестар од првата година за најдобро рангираните кандидати, од кои 10 беа финансирани од Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, а останатите 10 од страна на бизнис заедницата. Во тој контекст, на 10 Октомври, 2019 година во просториите на Економскиот факултет-Прилеп се одржа свечено доделување на ваучерите за уписнини. На настанот беа присутни голем број професори од Факултетот, студенти, како и претставници од бизнис заедницата и медиумите. На настанот се обрати деканот на на Економскиот факултет-Прилеп, проф. д-р Драгица Оџаклиеска која, од името на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола им ги врачи ваучерите на прворангирани студенти запишани во прва година во академската 2019/2020 година: Даниел Тавчиоски, Христина Нунеска, Неше Врапчевска, Емилија Пауновска, Андреј Мицески, Марко Ристески, Васил Чавкар, Марија Мелова, Михаела Анастасовска и Кристина Димитриеска. Покрај Универзитетот, запишувањето на студентите во прва година го финансираа и неколку компаниите како претставници на бизнис заедницата. Меѓу компаниите кои несебично го поддржуваат образованието на младите и талентирани студенти оваа акдемеска година се вброија: Комфи Ангел ДОО Прилеп, Шпаркасе банка А.Д. Скопје, Дониа ДООЕЛ Прилеп и Витаминка АД Прилеп. Стипендиите обезбедени од бизнис заедницата им се доделени на следните студенти запишани во прва година во академската 2019/2020 година: Ивана Стојковска, Јосифоски Јосиф, Ева Ивановска, Кристина Костадиноска, Марија Чошевска, Лиле Жежоска, Габриела Спасеска, Мартин Аризанов, Ивица Дукоски и Маја Кофилоска. Во оваа пригода Економскиот факултет-Прилеп упатува благодарност до Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, како и до компаниите кои го поддржуваат образованието на студентите, со надеж оваа соработка да продолжи и во иднина, а на студентите им посакува успех во студирањето.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Feb 2020 18:59
Last Modified: 29 Feb 2020 18:59
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3676

Actions (login required)

View Item View Item