Препорачуваме

Boshkoska, Meri (2019) Препорачуваме. Еквилибриум (28). pp. 24-25. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium28.pd...

Abstract

Контроверзниот Џордан Белфорт ексклузивно ни го отвора својот свет и ни нуди увид во сопствениот Систем на права линија со чија помош успеа да создаде огромно богатство за себе и за своите клиенти. Луѓе што никогаш не оствариле успех, одненадеж постигнуваат нешта за кои не ни сонувале дека се можни, и живеат многу поповластен живот отколку што си замислувале. А сето тоа почнува со усовршување на уметноста на убедувањето, со помош на Системот на права линија. „Начинот на волкот од Волстрит“ е клуч за примена на овој систем во секој бизнис и секоја дејност. Волкот од Волстрит е американски филм, во режија на Мартин Скорсезе, според сценариото на Теренс Винтер засновано врз истоимената книга на Џордан Белфорт. Филмот е базиран на вистинската приказна за животот на брокерот Џордан Белфорт (Леонардо Ди Каприо) и го прикажува неговото искачување до позицијата на богат дилер на акции и неговиот пад на дното. Белфорт бил во затвор 22 месеци поради измама и перење на пари, откако неговата фирма од своите клиенти украла повеќе од 100 милиони долари. Заедно со другарот Дони, тој ја основа фирмата „Стратон Окмонт“ и со помош на инсајдерско тргување и берзански манипулации успеваат да заработат многу пари. Нивниот бизнис достигнува експоненцијален раст и тие стануваат толку познати што многу компании сакаат да излезат на берзата токму преку нив. Но, тие не се познати само по нивниот успех во тргувањето со акции. Привлекуваат внимание со нивните сензационални забави кои ги приредуваат за вработените, како и со трошењето на огромни количини на пари. Џордан стигнува до насловната страна на списанието Форбс, но неговите „шеми“ го привлекуваат вниманието и на ФБИ. Заради тоа, Џордан и Дони тајно ги префрлаат парите во приватна банка во Швајцарија. Проблемите почнуваат кога ФБИ го апси швајцарскиот банкар поради вмешаност во финансирање на трговијата со дрога. Тогаш, ФБИ го приведува Џордан и се спогодува со него да им послужи како поткажувач во замена за пониска затворска казна. Така, Џордан го губи богатството, го напушта сопругата со ќеркичката, а тој завршува в затвор. Филмот му помогнал на Џордан да организира низа семинари. Тој се занимава со тоа откако излегол од затвор во 2006 година. Дел од заработката оди за исплата на долгот од 110 милиони евра кон инвеститорите, а истото важи и за заработката од неговата книга.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Feb 2020 18:59
Last Modified: 29 Feb 2020 18:59
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3673

Actions (login required)

View Item View Item