Меѓународна соработка на Факултетот

Spaseska, Tatjana (2019) Меѓународна соработка на Факултетот. Еквилибриум (28). p. 14. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Значаен придонес кон збогатувањето на научно-истражувачката дејност на Факултетот во изминатиот период даде меѓународната конференциja IBANESS која традиционално се организира со Универзитетот „Намик Кемал“ од Текирдаг, Турција. Покрај оваа конференција, Економскиот факултет-Прилеп е коорганизатор на 4th International Economic Meeting - DIEM на тема “Global Trends and Challenges in the Era of the Fourth Industrial Revolution” која ќе се одржи на 28 и 29 септември во Дубровник, Хрватска, како и на 5th International Scientific Conference “Economy of Integration” - ICEI 2019 која ќе се одржи од 7 до 9 декември во Тузла, Босна и Херцеговина.
Во текот на изминатата акдемска година Економскиот факултет-Прилеп ги продолжи своите активноси во рамкките на програмата Еразмус+. Во тој контекст треба да се истакне дека во зимскиот семестар еднонеделна мобилност на нашиот факултет реализираше професорката Марија Драгичевиќ од Универзитетот во Дубровник, додека пак во текот на летниот семестар еднонеделна мобилност реализираа професорите Данчо Петров и Евгенија Тонкова од Универзитетот по eкономија од Варна, Бугарија кои пред студентите одржаа инспиративни предавања од областа на финансиите и маркетингот. Во оваа пригода го пренесуваме искуството од професорката Марија Драгичевиќ.
Како резултат на билатералниот договор меѓу Универзитетот во Дубровник, Република Хрватска и Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, а во рамки на програмата Еразмус+ за наставен кадар во периодот од 5 до 9 ноември, 2018 година престојував на Економскиот факултет-Прилеп. При тоа, во рамки на предметот Маркетинг на услужни дејности кај професорката Каролина Илиеска одржав предавање на тема: „Како клиентите реагираат на видливите физички стимулации“.
Согласно поставените цели во договорот за мобилност во наставата, посетата имаше за цел подучување на студентите и воспоставување соработка со колегите од Економскиот факултет-Прилеп. Во тој контекст, со професорката Каролина Илиеска беше договорена идна соработка во подрачјето на Маркетингот на услужни дејности и заедничките интереси во научно-истражувачката работа, како основа за зајакнување на соработката меѓу Одделот за економија и бизнис економија при Универзитетот во Дубровник и Економскиот факултет-Прилеп. Меѓу другото, продеканката за меѓународна соработка проф. Татјана Спасеска ме запозна со културно-историските знаменитости во градот Прилеп, при што беше организирана посета на Музејот за тутун што ме воодушеви со бројните експонати и начинот на нивно презентирање од страна на кустосот на музејот. Исто така, беше организирана и средба со Деканот на Факултетот, проф. д-р Драгица Оџаклиеска при што беа разменети сознанија за високото образование, сличностите и разликите меѓу Република Хрватска и Република Северна Македонија.
Учеството во програмата за мобилност Еразмус+ за наставен кадар на Економскиот факултет-Прилеп целосно беше во склад со моите очекувања и поставените цели, особено во поглед на реализираната соработка, професионалноста и кооперативноста на наставниците од Економскиот факултет-Прилеп. Во оваа пригода до раководството на Факултетот, професорите и студентите изразувам голема благодарност за корисните и пријатните моменти поминати во Прилеп.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Feb 2020 18:59
Last Modified: 29 Feb 2020 18:59
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3671

Actions (login required)

View Item View Item