Отворен ден на Факултетот

Zdraveski, Dejan (2019) Отворен ден на Факултетот. Еквилибриум (28). pp. 4-5. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium28.pd...

Abstract

На 4 април 2019 година, Економскиот факултет-Прилеп традиционално го организираше отворениот ден за да ги пречека матурантите кои имаат намера да станат дел од оваа високообразовна институција. Во таа пригода, голем број матуранти изразија интерес да го посетат на нашиот факултет и да се запознаат со можностите за студирање. Имено, на овој настан присуствуваа околу 300 средношколци од средните училишта од Прилеп, Битола, Кавадарци, Неготино, Демир Хисар, Крушево и други градови, кои заедно со своите професори се запознаа со техничките и просторните капацитети на Факултетот, академскиот и соработничкиот кадар, структурата на студиските програми, како и сите останати содржини и настани во кои можат да учествуваат и да ги искористат во текот на своето студирање. Исто така, матурантите остварија директна комуникација со професорите и студентите, од кои можеа да добијат одговори во врска со сè што ги интересира поврзано со студирањето на нашиот Факултет. Матурантите добија детални информации во врска со студиските програми кои ги нуди Економскиот факултет-Прилеп и теоретските знаења кои може да ги стекнат во текот на своето студирање надополнети со практични вештини, преку соработката која Факултетот ја остварува со бизнис заедницата. Притоа, беа потенцирани можностите за изведување практична настава во над 700 реномирани компании од целата држава со кои факултетот има склучено договори за соработка. На тој начин факултетот на своите студенти им овзможува континуирано надоградување на стекнатите теоретски знаења со практични вештини. Треба да се истакне дека Економскиот факултет-Прилеп е во тек со реалните потреби на пазарот на труд, со што директно се зголемуваат можностите за вработување на студентите по завршувањето на нивните студии. Оваа година за прв пат Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, во соработка со бизнис секторот ќе ги стипендира најдобрите студенти кои ќе се запишат на прва година на академски студии. Вредно е да се напомене дека Економскиот факултет-Прилеп целосно го имплементираше Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС), според кој студентите добиваат образование компатибилно со европските универзитети што на студентите им овозможува продолжување на своето образование ширум Европа. Студирањето е организирано во три циклуси: додипломски, постдипломски и докторски студии при што, 60% од предметите се задолжителни, а останатите 40% студентите може да ги избираат во согласност со своите афинитети и преференции. Сите предмети на нашиот Факултет се едносеместрални, а самото оценување е континуирано, при што крајната оцена се формира не само врз основа на поените од испитот, туку и преку редовноста и активноста на студентот, семинарските трудови, домашни и проектни задачи. Новите студенти може да се запишуваат на шест студиски програми на четиригодишните додипломски студии и тоа: Е-бизнис, Менаџмент, Сметководство и ревизија, Меѓународен бизнис, Маркетинг менаџмент и Банкарство и финансии. Во рамките на отворениот ден, во Факултетот со свои штандови се претставија студентската организации АИЕСЕК и Студентски парламент кои ги запознаа идните студенти со своите програми и активности. Се надеваме дека матурантите се задоволни од посетата на Економскиот факултет-Прилеп како потенцијална можност за продолжување на своето високо образование и појдовна точка во идниот кариерен развој. Отворениот ден уште еднаш ги оправда своите цели во процесот на промовирање на нашата високообразовна институција како реномиран субјект во областа на изучувањето на економските науки во Република Северна Македонија.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Feb 2020 18:59
Last Modified: 29 Feb 2020 18:59
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3668

Actions (login required)

View Item View Item