Воведен збор

Nikolovski, Zoran (2018) Воведен збор. Еквилибриум (27). pp. 3-4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium27-1....

Abstract

Почитувани читатели, пред вас е најновиот број на вашиот Еквилибриум кој претставува хроничар на настаните на Економскиот факултет-Прилеп и содржи повеќе прилози кои се надеваме дека ќе го привлечат вашето внимание. Најпрвин, ви го пренесуваме говорот на деканот на Економскиот факултет-Прилеп, д-р Драгица Оџаклиеска која од името на вработените на Факултетот и се обрати на новата генерација бруцоши, како и на присутните гости на првиот академски час. Таа им посака успех на студентите во совладувањето на наставните содржини и ја искажа нејзината надеж за нивно идно ефикасно вклучување во економските и општествените текови и придонесување за развој на државата. Ја користиме оваа прилика, нејзе и на целата деканатска управа да им посакаме многу успех и напредок во водењето на Факултетот. Марјан Ангелески нè информира за научната конференција „Идните предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија“ во организација на МАНУ. Преку презентираните научни трудови и дискусии од страна на еминентни преставници на академската заедница се предлагаат соодветни мерки, насоки и сугестии кои треба да им помогнат на креаторите на политиките во државата. Димитар Николоски нè известува за десеттата меѓународна конференција IBANESS каде што беа презентирани стотина трудови кои истражуваат различни аспекти од современите социо-економски проблеми, односно општествените промени во регионот на Балканот и Блискиот исток. Николоски, исто така, ни ги претставува и овогодинешните лауреати на Нобеловата награда за економија: Вилјам Нордхаус и Пол Ромер. Рената Петревска-Нечкоска пишува за гостувањето на професорката Татјана Ивановиќ од Факултетот за организациони науки (ФОН) при Универзитетот во Белград, која зборуваше на тема “Expatriates in international assignments - importance in international communication” и го третираше регрутирањето на квалитетни менаџерски профили од страна на секторите за човечки ресурси и работодавачите. Мошне интересна перспектива за процесот на студирање дава Илија Христоски со својот прилог „Дојдов, студирав, заминав...“, а Анета Ристеска-Јанкулоска пишува за Трговска војна меѓу САД и Кина која има силно влијание во меѓународни размери и можност за негативни последици за потрошувачите и глобалната економија. Вообичаено, Елизабета Ангелеска-Атанасоска редовно нè информира за најновите настани на нашиот универзитет. Овој пат, таа известува за усвојувањето на Статутот и новите правни акти на УКЛО кои го целосно го дефинираат неговото работењето во сите области, а воедно се од суштествено значење за функционирањето на неговите единици. Ангелеска-Атанасоска нè известува и за посетите на ректорот на неколку единици на Универзитетот на почетокот на академската година, како и за распишаниот конкурс за најдобар истражувачки труд и есеј чија цел е поттикнување и афирмација на творештвото, творечката иновација и иновативноста кај студентите. За искуствата од мобилностите Еразмус+ не информираат Ивона Гегоска која престојува на Универзитетот во Сплит, Хрватска и Рафал Домовиц за неговото Еразмус+ искуство во Македонија. Во овој број ве информираме и за новостите од АИЕСЕК кои ни ги претставуваат Кристина Николова и Димитар Врглевски, како и за новостите од Студентскиот парламент за кои информира Ивана Сурлаџиоска истакнувајќи дека се работи на континуирано подобрување на условите за студирање и на студентскиот стандард и потсетува на реализираните активности. Неизоставна е и рубриката Препорачуваме каде Мери Бошкоска ни препорачува мошне интересни предлози („Момчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборови“ и „Социјална мрежа“), а тука е и неизоставната Забавна страна. Редакцијата на Еквилибрим, на сите студенти на Економскиот факултет-Прилеп им посакува успешна академска 2018/2019 година.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Feb 2020 18:09
Last Modified: 29 Feb 2020 18:09
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3656

Actions (login required)

View Item View Item