Отворен ден на факултетот

Crvenkoska, Andrijana (2018) Отворен ден на факултетот. Еквилибриум (26). p. 4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium26_za...

Abstract

На 3 април 2018 година, Економскиот факултет-Прилеп традиционално го организираше отворениот ден за да ги пречека матурантите кои имаат намера да станат дел од оваа високообразовна институција. Во таа пригода, голем број матуранти изразија интерес да се запознаат со можностите за студирање на нашиот факултет. Имено на овој настан присуствуваа околу 400 средношколци од четврта година од средните училишта од Прилеп, Битола, Кавадарци, Неготино, Демир Хисар, Кичево и други градови, кои заедно со своите професори се запознаа со техничките и просторните капацитети на Факултетот, академскиот и соработничкиот кадар, структурата на студиските програми, како и сите останати содржини и настани во кои можат да учествуваат и да ги искористат во текот на своето студирање. Исто така матурантите остварија директна комуникација со професорите и студентите, од кои можеа да добијат одговори во врска со сè што ги интересира поврзано со студирањето на нашиот Факултет. Матурантите добија детални информации во врска со студиските програми кои ги нуди Економскиот факултет-Прилеп и теоретските знаења кои може да ги стекнат во текот на своето студирање надополнети со практични вештини, преку соработката која Факултетот ја остварува со бизнис заедницата. Притоа, вредно е да се напомене дека Економскиот факултет-Прилеп целосно го имплементираше Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС), според кој студентите добиваат образование како оние на европските универзитети што им овозможува на студентите и продолжување на своето образование ширум Европа. Студирањето е организирано во три циклуси: додипломски, постдипломски и докторски студии при што, 60% од предметите се задолжителни, а останатите 40% студентите може да ги избираат во согласност со своите афинитети и преференции. Сите предмети на нашиот Факултет се едносеместрални, а самото оценување е континуирано, при што крајната оцена се формира не само врз основа на поените од испитот, туку и преку редовноста и активноста на студентот, семинарските трудови, домашни и проектни задачи. Новите студенти може да се запишуваат на шест студиски програми на четиригодишните додипломски студии и тоа: Е-бизнис, Менаџмент, Сметководство и ревизија, Меѓународен бизнис, Маркетинг менаџмент и Банкарство и финансии. Во рамките на отворениот ден, во холот на Факултетот со свои штандови се претставија студентската организации АИЕСЕК и Студентски парламент кои ги запознаваа идните студенти за програмите и активностите кои ги нудат за студентите. Се надеваме дека матурантите се задоволни од посетата на Економскиот факултет-Прилеп како потенцијална можност за продолжување на своето високо образование и појдовна точка во идниот кариерен развој.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Feb 2020 17:49
Last Modified: 29 Feb 2020 17:49
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3644

Actions (login required)

View Item View Item