Препорачуваме

Boshkoska, Meri (2018) Препорачуваме. Еквилибриум (25). pp. 20-21. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium25-0....

Abstract

Почнувајќи од овој број на „Еквилибриум“ во рамките на оваа рубрика ќе се обидеме да ви препорачаме бестселери и филмови коишто третираат интересни теми од областите на економијата, менаџментот и бизнисот. Изборот на насловите е направен врз основа на реализираната соработка со издавачката куќа „Три“ со цел да се популаризира читањето, особено кај помладите генерации. Во овој број ви ги презентираме книгата „Богат татко, сиромашен татко“ и филмот „Too big to fail”. „Богат татко, сиромашен татко“ e книга што го растресе финансискиот свет. Таа се концентрира на прашањата: Што е разликата во погледите и ставовите на богатите во споредба со обичните луѓе? Во што се разликуваат нивните постапки што даваат драстично поинакви резултати? Роберт Киосаки, инвеститор-милионер, автор и предавач, ја имал единствената шанса да ги открие одговорите на овие прашања уште во своето детство, и тоа од две сосема различни перспективи - богатиот и сиромашниот татко. Едниот, таткото на Роберт, редовен професор со размислувања на обичен работник што работи за плата. И другиот, таткото на неговиот другар, успешен бизнисмен, кој станал негов ментор и му ги отворил очите за огромните грешки што ги правел неговиот сиромашен татко во врска со парите. „Богат татко, сиромашен татко“ е лична финансиска перспектива за целосно преиспитување на тоа како функционираат парите. Нè учи како да работиме на сопствената финансиска интелигенција, како да го забрзаме финансискиот прогрес и како ризикот да ни стане сојузник. „Богат татко, сиромашен татко“ е почетна точка за секој што сака да има контрола над својата финансиска иднина. „Toо big to fail“е американски ТВ филм базиран на најпродаваната книга од Andrew Ross Sorkin насловена како „Too Big to Fail: The Inside Story of How Wall Street and Washington Fought to Save the Financial System—and Themselves”. Филмот претставува фасцинантен поглед на американската финансиска криза од 2008 година од перспектива на инсајдери кои успеале да спречат глобален економски колапс. Всушност, „Too big to fail“ e eкономска теорија според која што одредени институции се толку големи и меѓусебно поврзани, така што посериозни проблеми во нивното работење можат да предизвикаат катастрофални последици за економијата на земјата во која работат. Според оваа теорија, владите на земјите каде што функционираат овие институции треба да им помогнат во решавање на нивните проблеми. Одличен пример за оваа теорија е неуспехот на американските банки да ги решат проблемите што произлегоа од финансиската криза од 2008 година. Американската влада потрошила енормни финансиски средства за решавање на ликвидните проблеми на банките за да се спречи целосниот колапс на американската и светската економија.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Feb 2020 09:04
Last Modified: 29 Feb 2020 09:04
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3642

Actions (login required)

View Item View Item