Промоција на научна монографија „Патеките на транзицијата“

Kostoska, Olivera (2018) Промоција на научна монографија „Патеките на транзицијата“. Еквилибриум (25). pp. 6-7. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium25-0....

Abstract

На 21 декември 2017 година, во Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола беше одржана промоција на изданието на Македонската академија на науките и уметностите „Патеките на транзицијата – емпириска анализа на македонската и на бугарската економија: растот, инвестициите и економската соработка“ од авторите, академик Гоце Петрески, д-р Оливера Костоска и д-р Дарко Лазаров. Студијата, препознатлива според својот специфичен пристап, без претходна генеза во емпириските истражувања на Република Македонија, е работена во рамките на соработката меѓу Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската акдемија на науките, во периодот од 2014 до 2016 година. Промоцијата на оваа научна монографија наиде на голем интерес кај научната јавност и кај медиумите, а покрај авторите кои од свој аспект се осврнаа на содржината на книгата, промотор беше претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Таки Фити. Проучувањето на динамиката на економскиот раст и факторите што го детерминираат, преку анализа на идиосинкратските услови на конкретната земја се исклучително значајни за дизајнирање на економски политики кои ќе ги таргетираат претходно адресираните ограничувања и ќе овозможат акцелерирање на економскиот раст на долг рок. Во овој контекст, основна цел на научната монографија, презентирана на близу 200 страници, е анализа на карактеристиките и специфичностите на моделите на економски раст во Македонија и во Бугарија, идентификација на ограничувачките фактори и предизвиците пред кои беа исправени овие земји во периодот на транзиција, истражување на специфичностите на трговската размена и анализа на можностите за искористување на синергетските ефекти преку интензивирање на економската соработка помеѓу двете земји, анализа на специфичностите поврзани со странските директни инвестиции, трансферот на технологија и продуктивноста во Македонија и во Бугарија. За реализирање на така поставената цел, користени се повеќе научно-истражувачки методолошки пристапи како што се: сметководство на растот, економетрија на растот и компаративна анализа. Сметководство на растот претставува емпириска техника за анализа на изворите на економскиот раст. Оваа техника подразбира декомпозиција на стапката на економски раст со цел да се идентификува поединечниот придонес на акумулацијата на различните фактори на производство (физичкиот и човечкиот капитал, вклучувајќи ја работната сила) и придонесот на т.н. резидуал на Солоу, односно вкупната факторска продуктивност (Total Factor Productivity). Cross-country панел регресија на растот претставува техника која овозможува одговор на прашањето кои варијабли се каузално поврзани со растот на просечна економија. Оваа техника го испитува влијанието и магнитудата на таквото влијание на одделни фактори кои го детерминираат растот. Едната група фактори се оние кои тешко се променливи, како што се, на пример, географската локација, просечната старост на населението и слично, додека втората група се оние варијабли за кои постои голема веројатност дека ќе бидат под влијание на економски политики, како што се, на пример, човечки капитал, инвестиции во физички капитал, инфраструктура, макроекономска стабилност и други. Компаративната анализа во последно време е многу популарна техника во анализа на економскиот раст помеѓу земјите и факторите кои го детерминираат растот. Всушност, идејата за мерење на економските перформанси низ призмата на компаративната анализа е исклучително корисна и доколку соодветно се интерпретира и користи, може да даде голем придонес во проучување на економскиот раст помеѓу земјите. Имено, оваа техника подразбира користење на голем број индикатори кои мерат перформанси во различни области поврзани со економскиот раст и нивно претставување на компаративна основа за група хомогени земји со слични карактеристики, со цел да се адресираат слабостите и заостанувањата кои de facto го забавуваат долгорочниот економски раст. Се надеваме дека резултатите од истражувањето ќе најдат своја примена во трасирањето на идниот развој на Република Македонија преку користење на искуствата од земјите кои веќе се членки на Европската Унија како што е Република Бугарија. Успешната реализација на овој настан уште еднаш ја потврди значајната улогата на нашиот Универзитет како генератор на нови идеи за побрз економски раст, а истовремено воспостави нови стандарди за слични вакви манифестации во иднина.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Feb 2020 09:03
Last Modified: 29 Feb 2020 09:03
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3636

Actions (login required)

View Item View Item