Воведен збор

Nikolovski, Zoran (2018) Воведен збор. Еквилибриум (25). pp. 3-4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium25-0....

Abstract

Почитувани читатели, пред вас е дваесет и петтото издание на Еквилибриум каде што поместуваме повеќе интересни прилози. Најпрвин, ви го предаваме обраќањето на деканот на нашиот факултет, проф. д-р Ѓорѓи Манчески за време на последната промоција на дипломирани економисти и магистри. Следува прилогот на Оливера Костоска која пишува за промоцијата на книгата „Патеките на транзицијата – емпириска анализа на македонската и на бугарската економија“ која претставува препознатлива студијата со специфичен пристап, работена во рамките на соработката меѓу МАНУ и БАН. Марјан Ангелески ги пренесува бизнис лекциите и пораките на Џек Ма, еден од најпознатите кинески магнати, инвеститори, филантропи и основач и сопственик на Alibaba кој е познат по неговите инспиративни и мотивирачки предавања и говори коишто честопати се пренесувани во различи пригоди. Професорката Марика Башеска-Ѓорѓиеска нѝ го претставува проектот SMecoMP, а Анета Рисетска-Јанкулоска зборува за научно-истражувачката дејност на Економскиот факултет-Прилеп којашто е интегрален дел од неговата дејност почнувајќи од Вишата економска школа во шеесеттите години од 20 век. Профилот 13 ѝ е посветен на професорката Сузана Талеска, долгогодишен професор на нашиот факултет која оставила сопствен печат во неговото постоење, а во рубриката Влијателни економисти, Рената Петревска-Нечкоска ги претставува творците на новата менаџмент парадигма. Неизоставно, Елизабета Ангелеска-Атанасоска во Универзитетската хроника пишува за активностите на УКЛО против родовото насилство, за одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права како и за потпишана Декларација за универзитет без корупција од страна на ректорите на јавните универзитети во Република Македонија со што од страна на УКЛО е изразена и формална поддршка во напорите за генерална превенција на корупцијата на универзитетите. Исто така, Христина Тодороска ни ги претставува нејзините искуства од мобилноста Еразмус+ реализирана на Универзитетот „Бабеш Болај“ во прекрасниот град Клуж-Напока во Трансилванија, Романија. Во овој број на Еквилибриум ја поместуваме информацијата за втората награда на конкурсот на најдобар истражувачки труд на УКЛО, што ја освои студентката во четврта година на Економски факултет-Прилеп, Михаела Огненовска, со нејзиниот труд „Веб страна со содржини за целосно опремување на домот поткрепен со RSS технологија“. Новостите од Студентскиот парламент ни ги пренесува Ивана Сурлаџиоска која истакнува дека парламентот е отворен за примање на предлози и идеи со цел подобрување на ефикасноста на наставата, нè информира за тридневно отворање на неговата канцеларија за студентите, за зголемувањето на грижата за здравјето на студентите, за плановите за организирање на повеќе спортски активности како и обуки за професионално надоградување на студентите во повеќе области. За новостите од АИЕСЕК - Прилеп зборува Кристина Петреска чии активности се состојат од голем број конференции, избор на извршен одбор, годишно планирање, регрутација на членови итн. Почнувајќи од овој број на „Еквилибриум“, ќе се обидеме да ви препорачаме бестселери и филмови коишто третираат интересни теми од областите на економијата, менаџментот и бизнисот. Овој пат Мери Бошкоска ви ги презентира книгата „Богат татко, сиромашен татко“ и филмот „Too big to fail”. Секако, на крајот е Забавната страна која ги зачинува содржините на ова издание на Еквилибриум. Почитувани читатели, ви посакуваме пријатни мигови во друштво со дваесет и петтото издание на Еквилибриум.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Feb 2020 09:03
Last Modified: 29 Feb 2020 09:03
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3634

Actions (login required)

View Item View Item