Прв академски час

Mancheski, Gjorgji (2017) Прв академски час. Еквилибриум (24). pp. 4-5. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium24-0....

Abstract

На 18 септември започна новата академска година со одржување на свечен академски час. На овој настан присуствуваа новозапишаните студенти, како и наставничкиот и соработничкиот кадар на Економскиот факултет-Прилеп. Од името на деканската управа студентите ги поздрави Деканот на Факултетот, проф. д-р Ѓорѓи Манчески, а од името на студентската организација АИЕСЕК се обрати Христина Петреска. Токму затоа, во овој број на Еквилибриум ви го пренесуваме инспиративното обраќање на деканот. Почитувани! Вие сте 57-та генерација која се запишува на овој факултет. На нашата институција предизвик ни е иднината но, се гордееме со минатото. На нашиот факултет завршиле многу студенти кои се инволвирале во голем дел од процесите во Република Македониа, Еврпа па, и во целиот свет. Посебно ми е драго, што и оваа година имам уште една прилика да Ви се обратам во името на институцијата која сами ја избравте за оформување на своето високо образование, од името на вашите професори и асистенти и целиот персонал на Економскиот факултет-Прилеп и секако во мое лично име. Задоволство ми е да ви се обратам на првиот академски час во името на нашиот факултет кој е респектабилен факултет со високо реноме во Република Македонија и надвор од нејзините граници. Ова е факултет со долгогодишно искуство во областа на образованието и науката во областа на економијата, бизнисот, менаџментот и информатичките технологии. Ова е посебен ден за сите нас! Ден кој сите вие ќе го паметите, ден кога мислите ни се враќаат кон минатото, ден кога гледајќи во вас ја гледаме иднината. Денес, вие официјално зачекорувате кон оформување на Вашето високо образование, односно зачекорувате по патот што води кон освојување на знаењето што треба да биде темел на вашата успешна кариера. Вие неодмана го направивте својот прв чекор, го избравте патот по којшто ќе патуваме заедно и ќе ја креираме вашата иднина, иднината на вашите најблиски и иднината на нашата држава. Иако одамна, секој почеток ме навраќа на времето кога седнав на првиот академски час во кој чуствата ми беа измешани, чуствував страв, чуствував возбуда, мислев дали ќе се снајдам и дали ќе успеам да стекнам доволно знаење за да ја добијам дипломата која толку многу ја посакував, колку ќе трае сето тоа, слушав многу коментари од студентите од претходните генерации... Кога ќе се сетам на периодот поминат како студент секој пат ми идат убави спомени, наптреварувачкиот дух кој владееше меѓу колегите, на дружењето и убавите моменти. Тоа што ни го доверивте вашето образование за нас е голема чест но и голема одговорност. На Економскиот факултет-Прилеп дипломирале повеќе од 17.000 студенти. Многу од нив се на престижни позиции во компании во земјата и странство, а многу од нив водат и свои приватни бизниси. Голем дел го продолжиле своето образование на последипломските и докторските студии на нашиот факултет или пак често се навраќаат да разменат искуства со нашите професори. Факултетот има долгогодишно традиција и искуство во образованието и создавањето конкурентни кадри од економијата и бизнисот. Токму затоа сакам да Ве повикам да се чувствувате слободни и нека Факултетот стане вашиот втор дом во којшто ќе поминете 4 години и ќе се образувате според светски стандарди. Врз база на изградената долгогодишна традиција Факултетот ги имплементира новите знаења за едукацијата на кадрите за да биде комплементарна со промените, и тоа со цел да се овозможи соочување со предизвиците на времето што доаѓа. Во својот долгогодишен и успешен развој Факултетот често бил исправен пред голем број предизвици што секогаш успешно ги совладувал. Образовниот систем на нашата институција ги следи сите трендови на современата едукација во земјата и странство, односно секогаш се грижи да биде во функција на студентите, бизнис секторот и општествената заедница којашто ги апсорбира дипломираните студенти. Во тој контекст, уште би сакал да потенцирам дека реалциските врски и комуникацијата на Факултетот се одвиваат непречено, континуирано и отворено. Имено, Факултетот веќе има имплементирано модерна и функционална интернет страница. На неа можете да ги најдете сите потребни информации што се однесуваат на предметите, одделни материјали и содржини за предавања и вежби, распореди за одржување на испитите, респоред за колоквиумските недели и тн. Секој студент ќе добие своја e-mail адреса со домејн на Факултетот на којашто ќе добивате најразлични информации поврзани со наставата и настаните на Факултетот. Ви посакувам времето поминато на факултетот да ви биде исполнето со многу стекнато знаење што ќе ве следи целиот ваш живот и ќе ве направи компетентни на пазарот на трудот, ви посакувам многу знаење што ќе го збогати вашиот дух. Ви посакувам времето поминато на факултетот да ве збогати со многу познанства и искрени пријателства и убави моменти кои ќе бидат вечни и незаборавни. Она што сакаме и очекуваме од вас е, по завршувањето на студиите, да бидете врвни професионалци и да се докажувате на високи и силни позиции, и тоа исклучиво како резултат на вашето стекнато квалитетно знаење и способности. Јас верувам во вас, во вашата младост и вашиот интелект, односно знам дека со задоволство ќе ги завршувате вашите обврски во текот на студирањето на Економскиот факултет-Прилеп. Оттука, искрено се надевам дека Факултетот ќе ви биде убава дестинација и ќе го понесете во вашите мисли и вашите срца засекогаш, и тоа како резултат на убавите моменти и стекнатото знаење, вештини и компетенции. Треба да се напомене дека на нашиот факултет постојат две студентски организации и тоа: Студентски парламент и AIESEC со кои факултетот има изградено одлична соработка. Преку овие организации можете да реализирате дел од Вашите интереси и цели. И на крај уште еднаш ви посакувам успех во совладувањето на наставните содржини!

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 28 Feb 2020 20:15
Last Modified: 28 Feb 2020 20:15
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3626

Actions (login required)

View Item View Item