Воведен збор

Nikoloski, Dimitar (2017) Воведен збор. Еквилибриум (24). pp. 3-4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium24-0....

Abstract

Со есента дојде и почетокот на новата академска година која за Економскиот факултет-Прилеп значеше прием на 57-та генерација бруцоши. Секој почеток со себе носи неизвесност и очекувања во однос на непознатото со кое се соочуваат новите студенти по економија. Но, ние, наставниците и соработниците на Економскиот факултет-Прилеп секогаш сме тука да им помогнеме на студентите полесно да ги совладаат тешкотиите во текот на студирањето со цел да го најдат патот до успешното завршување и стекнување диплома. Впрочем, нашиот факултет со своите кадровски и технички потенцијали и оваа академска година ја дочека подготвено и искрено се надеваме дека ќе ги исполниме очекувањата на студентите. Токму новиот почеток претставува лајтмотив за овој 24-ти број на „Еквилибриум“ којшто повторно донесува интересни и разновидни содржини. На самиот почетокот ви го пренесуваме обраќањето на Деканот, проф д-р Ѓорѓи Манчески на првиот академски час. За двојна диплома на докторските студии на Економски факултет-Прилеп свој текст подготви проф. д-р Марика Башеска-Ѓорѓиеска, чиј лик воедно го претставуваме во рамките на рубриката Профил 13. За своето учество на франкофонски семинар „Универзитети на светот“ ќе ве запознае проф. д-р Зоран Николовски, а од архивата на Факултетот ќе ве запознаеме со тоа како течеше изградбата на новата зграда на нашиот факултет. Во рамките на рубриката „Влијателни економисти“, доц. д-р Дејан Здравески ни го пренесува ликот и делото на нобеловецот Кенет Ароу, додека за втемелувачите на сметководствената професија пишува доц. д-р Игор Здравкоски. Како и вообичаено нашата соработничка Елизабета Ангелеска-Атанасоска ја подготви универзитетската хроника во чиј контекст е и текстот на проф. д-р Елизабета Бахтовска за одржувањето на првате универзитетска интерна конференција. И во овој број на „Еквилибриум“ издвојуваме простор за текстовите на наште студенти. Така, Моника Келешовска ни ги пренесува нејзините искуства од Еразмус+ мобилноста, Дамјан Чкатроски не запознава со работата на дебатниот клуб на Факултетот, Сара Божиноска ги донесува новостите од работата на АИЕСЕК, додека Андреј Габроски и овој пат беше задолжен за новостите од Студентски парламент. На самиот крај од овој број повторно посветуваме внимание на културата, како и неизбежната забавна страна. Во оваа прилика, од името на редакцискиот одбор на „Еквилибриум“, на сите студенти на Економски факултет-Прилеп, би сакал да им посакам успешна академска 2017/18 година.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 28 Feb 2020 20:15
Last Modified: 28 Feb 2020 20:15
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3625

Actions (login required)

View Item View Item