Воведен збор

Nikolovski, Zoran (2017) Воведен збор. Еквилибриум (22). pp. 3-4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium_22.p...

Abstract

Летниот семестар којшто е пред нас, брзо ита кон пролетта и сите пријатни чувства кои таа го носи со себе. За студентите, понесени од секојдневните активности, незабележливо доаѓа првата колоквиумска недела, а за час по неа дошла и втората. И што тогаш? Како да се подготвува материјалотза колоквиумите кога започнува убавото време кое едноставно мами да се биде надвор? Затоа, почитувани читатели, додека зимата сеуштеги покажува своите заби, пред вас се наоѓа новиот број на Еквилибриум, како и секогаш исполнет со интересни содржини. Во него зборуваме за Меѓународната конференција за општествени науки (IBANESS 2016), организирана во соработка со Универзитетот „Намик Кемал“ од Текирдак (Турција) и Центарот за иновации и развој (CINNOD). Исто така, ви ги претставуваме и предавањата на неколку визитинг-предавачи во зимскиот семестар. Со предавањето “Инвестициски фондови” на Сања Митровска, студентите имаа можност да се запознаат со подемот на инвестициските фондови и информираноста на македонските граѓани за предностите од инвестирање во нив. Професорката Весна Дамњановиќ од Универзитетот во Белград зборуваше за примената на методот на студија на случај, а го пренесе и нејзиното долгогодишно искуство во подготвувањето на студенти за меѓународни натпревари во решавање на студии на случај од областа на бизнисот. Го одбележуваме и предавањето на професорот Пол С. Коку „Улогата на бизнис едукацијата за наредната генерација лидери“каде што беше даден интересен осврт за тоа што претставуваат бизнисот и едукацијата, како и за основните вештини што студентите ги стекнуваат преку бизнис едукацијата. Во рубриката Профил 13 со особено задоволство ја претставуваме професорката Виолета Лашкоска, а во овој број пишуваме и за континуираниот развој на компјутерскиот центар на Економскиот факултет-Прилеп и потпишувањето на Предлогот за решавање на проблемот на подготовка на материјалите во Електронскиот Сметководен Центар (ЕСЦ). Во овој број на Еквилибриумпродолжуваме со уште 11 еклатантни примери на реклами што балансираат на самиот раб меѓу вкусот иневкусот. Во рубриката Влијателни економисти, овој пат ви го претставуваме добитникот на Нобеловата награда за економија во 2013 година – Роберт Шилер, како и интервјуто со Елизабета Стојаноска која е добитник на третата награда за истражувачки труд на Конкурсот на УКЛО – Битола за најдобар истражувачки труд за 2016 година. Секако,тука се и Универзитетската хроникаи новостите од УКЛО, а Сандра Мојсоска и Јована Милошевиќ ви го претстават нивното искуство од мобилноста Еразмус+. Се разбира, Лина Смуткоска редовно нè известува за многубројните активности на АИЕСЕК Прилеп. На крајот е рубриката MUST..... READ, SEE, ATTEND во која ви предлагаме книги, филмови и концерти кои веруваме дека ќе остават траен белег кај вас. Ви посакуваме пријатно дружење и убави моменти со вашиот Еквилибриум.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 28 Feb 2020 18:32
Last Modified: 28 Feb 2020 18:32
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3602

Actions (login required)

View Item View Item