Гостување на претседателот на Босна и Херцеговина – Младен Иваниќ

Nikoloski, Dimitar (2016) Гостување на претседателот на Босна и Херцеговина – Младен Иваниќ. Еквилибриум (20). p. 6. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

На 15 март, 2016 година на Економски факултет-Прилеп гостуваше висока делегација од Босна и Херцеговина предводена од членот на претседателството г-дин Младен Иваниќ и нејзината екселенција амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Македонија Лепа Бабиќ. Во таа прилика претседателот Иваниќ, кој воедно е и професор на Економскиот факултет во Бања Лука пред студентите во Факултетот одржа предавање на тема: „Босна и Херцеговина – постконфликтно општество и европскиот пат“. Во своето предавање претседателот Иваниќ се задржа на повеќе аспекти од политичкото, економското и општественото уредување на Босна и Херцеговина како и предизвиците што пред оваа земја се поставуваат на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија.
Денешното административно уредување Босна и Херцеговина го добила со склучување на Дејтонскиот договор во 1995 година. Имено, како релативно нова самостојна држава таа се сости од два ентитета: Федерација Босна и Херцеговина и Република Српска. Двете федерални единици имаат свои влади, знаме и грб, претседател, парламент, полиција и политички систем. Федерацијата е поделена на кантони, а Република Српска на општини. Градот Брчко во североисточниот дел од Босна и Херцеговина е седиште на дистриктот Брчко, самоуправувачка административна единица и е дел како од Федерацијата Босна и Херцеговина, така и од Република Српска.
Во Босна и Херцеговина живеат три конститутивни народи: Бошњаци, Срби и Хрвати, а освен нив има и повеќе малцинства како што се: Роми, Евреи, Црногорци, Словенци и др. Со државата раководи трочлено претседателство во кое свој претставник има секој од трите конститутивни народи, кој се менува на местото претседател не секои осум месеци. Парламентарното собрание е законодавствено тело на Босна и Херцеговина. Тоа се состои од два дома: Дом на народот и Претставнички дом. Уставниот суд на Босна и Херцеговина е највисоката и крајна институција по правните прашања и брои девет членови од кои четири се бираат од страна на претставниците на Домот на федерацијата, два се бираат од Народното собрание на Република Српска а три од Европскиот суд за човекови права.
На економски план Босна и Херцеговина се соочува со два проблеми, односно да ја закрепне државата од воените последици и да спроведе реформи за пазарна либерализација. Како и другите земји од Југоисточна Европа и таа се соочува со ниски стапки на економски раст и висока невработеност. Денес во Босна и Херцеговина постојат неколку извори на економска нестабилност како што се: Големиот јавен сектор наспроти скромните можности за приватно креирање на додадена вредност, несразмерен сооднос на потрошувачката во споредба со производството и неразвиеност на извозниот сектор. Национална валута на Босна и Херцеговина е конвертибилната марка со годишна просечна инфлација од 1,9%.
Треба да се истакне дека ова предавање наиде на голем интерес кај студентите и професорите во Факултетот, а посетата беше искористена како можност за отпочнување на идна соработка.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 28 Feb 2020 11:30
Last Modified: 28 Feb 2020 11:30
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3582

Actions (login required)

View Item View Item