Воведен збор

Nikoloski, Dimitar (2016) Воведен збор. Еквилибриум (20). pp. 3-4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Почитувани читатели,
Пред вас е дваесетиот број на Еквилибриум. Со своето акумулирано искуство нашето гласило постепено прераснува во етаблирано списание кое добива пофалби од голем број читатели. Со своите богати содржини тоа е репрезент на нашата високообразовна институција како најстара членка на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. Заклучно со овој број, во Еквилибриум се објавени повеќе од 300 статии а свој придонес дале околу 110 автори од Факултетот и надвор од него. За Еквилибриум пишувале значаен дел од вработените во Економскиот факултет-Прилеп, голем број студенти, но и истакнати надворешни соработници кои со своите текстови придонесуваат за неговиот богат колорит. Се надеваме дека Еквилибриум ќе продолжи да опстојува и натаму сведочејќи за збиднувањата и активностите во Факултетот но, и пошироко на полето од економските науки во глобални рамки.
Овој број на Еквилибриум како и вообичаено изобилува со бројни текстови со разновидни содржини. Во информативниот блок известуваме за голем број значајни настани што се случија на нашиот факултет во изминатиот период од почетокот на оваа календарска година. Така, на Факултетот гостуваа претседателот на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, Амбасадорот на Република Словачка, Мартин Безак а свои предавања одржаа и експерти од Државниот завод за статистика на Република Македонија. Во овој контекст, исто така известуваме и за Отворениот ден на Факултетот, а ја пренесуваме и Универзитетската хроника со содржини од богатиот универзитетски живот. Во едукативниот дел ви ја претставуваме рубриката Влијателни економисти посветена на Џон фон Нојман, како и текстови за економската атрактивност на Франција и новите предизвици во банкарството. Во овој број започнува новата рубрика Профил 13 во која на непосреден начин ве запознаваме со некој од професорите на Економски факултет-Прилеп. Во Еквилибриум, како и до сега свои текстови презентираат и студентите кои опфаќаат повеќе содржини како што се: искуствата од Еразмус+ мобилноста, учество на инфо денот во организација на Американската стопанска комора, учество на натпреварот во ораторство УКЛО Тривиум и меѓууниверзитетски ораторски натпревар, како и бројните активности на Студентскиот парламент и АИЕСЕК организацијата во рамките на Економски факултет-Прилеп.
Од името на редакцискиот одбор на Еквилибриум ви посакувам пријатен летен одмор и довидување до септември.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 28 Feb 2020 11:29
Last Modified: 28 Feb 2020 11:29
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3578

Actions (login required)

View Item View Item