OТКРИВАЊЕТО НА ЗНАЕЊЕ ВО АНАЛИТИЧКИТЕ БАЗИ НА ПОДАТОЦИ (DATA MINING) ВО ФУНКЦИЈА НА ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ НА КОМПАНИИТЕ

Zdraveski, Dejan (2008) OТКРИВАЊЕТО НА ЗНАЕЊЕ ВО АНАЛИТИЧКИТЕ БАЗИ НА ПОДАТОЦИ (DATA MINING) ВО ФУНКЦИЈА НА ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ НА КОМПАНИИТЕ. Masters thesis, Faculty of Economics.

[img]
Preview
Text
Master thesis.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Еден од современите концепти што овозможува можност за сеопфатно и продуктивно користење на податоците и информациите, е концептот за складирање податоци (Data Warehouse) и откривање знаење од аналитичките бази на податоци (Data Mining). Според досегашните информации, само 20% од компаниите користат повеќе од 50% од податоците што им стојат на располагање за зголемување на својата конкурентска предност. Ваквите концепти овозможуваат искористување и на преостанатите податоци и нивно претворање во употребливи информации. Поради растечките потреби за информации компаниите секојдневно креираат голем број податоци за нивното работење и безброј факти за нивните потрошувачи, производи, операции, вработени итн. Најголем дел од овие податоци буквално се “заклучени” во илјадниците компјутерски системи. Само мал дел од податоците што се земаат, процесираат и складираат се употребуваат од страна на компаниите за донесување одлуки. Новите информациски технологии, со силни перформанси, овозможуваат складирање на големи количини на податоци, нивна обработка и искористување за добивање информации што ќе служат како поддршка на одлучувањето и ќе отвараат големи можности за унапредување на деловните процеси, т.е. ќе обезбедуваат анализа и следење на ефикасноста на деловниот систем. Data Warehouse и Data Mining се едни од најновите дисциплини и тие се уште се во фаза на интензивен развој. Основата за нивниот развој главно, лежи во интензивниот развој на информациските технологии и новите сознанија за информациските пoтреби на компаниите. Концептот на Data Warehouse е дел од одговорот, преку информациската технологија, да се излезе во пресрет токму на овие идентификувани потреби. Тоа е едноставно концепт што може многу да придонесе за успехот и стабилноста на компанијата, односно одржливоста на глобалниот пазар. Data Warehouse овозможува олеснување на интегрирањето на податоците, генерирани во еден свет на неинтегрирани информациски системи. Ваквиот константен циклус на генерирање податоци, нивно складирање и комплексноста при истражувањето и анализата резултираат со развој на нови и моќни алатки што би помогнале да надмине овој предизвик. Data Warehouse и Data Mining можат да бидат оружје кое би се користело за откривање на скриените поволности што се содржани во огромниот магацин на податоци и тие стануваат стандард за обезбедување компетитивна предност.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 28 Feb 2020 10:10
Last Modified: 06 Mar 2020 10:46
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3543

Actions (login required)

View Item View Item