Импакт факторот - потврда на високите дострели во науката

Kostoska, Olivera (2016) Импакт факторот - потврда на високите дострели во науката. Еквилибриум (19). pp. 18-22. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium_19.p...

Abstract

Импакт факторот претставува мерка за фреквенцијата со којашто „просечен труд“ во едно списание е цитиран во дадена година или период. Импакт факторите на списанијата се прикажуваат на годишна основа од страна на Institute for Scientific Information (ISI)/Thomson Reuters. Важно е да се напомене дека, JCR (Journal Citation Reports) обезбедува квантитативни алатки за рангирање, евалуација, категоризирање и споредба на списанијата. Годишните импакт фактори претставуваат само еден од многуте статистички индикатори за цитирање на списанијата. Останатите вклучуваат и показатели како што се: петгодишен импакт фактор, вкупен број цитирања на списанието, вкупен број трудови публикувани во списанието, immediacy index, Eigenfactor scores и сл. Импакт факторот, всушност, се пресметува како сооднос меѓу бројот на цитирања во дадена JCR година и вкупниот број трудови публикувани во двете претходни години. Со други зборови, импакт факторот 1.0 би значел дека, во просек, трудовите публикувани пред една или две години се цитирани еднаш. „Импакт факторот можеби не е перфектна алатка за мерење на квалитетот на трудовите, но нема нешто што е подобро од него, а неговата предност е во тоа што тој веќе постои, и поради тоа претставува добра техника за научна евалуација. Искуството покажува дека, во која било област, најдобрите списанија се оние во коишто трудовите е најтешко да бидат прифатени и публикувани, а тоа (несомнено) се списанијата коишто имаат највисок импакт фактор. „Користењето на импакт факторот како мерка за квалитет е широко распространето, пред сè, поради фактот што тој најдобро се вклопува во размислувањата на истражувачите за тоа кое е најдоброто списание во нивната област“, ќе подвлече Hoeffel во својата критичка опсервација за значењето на импакт факторот.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 27 Feb 2020 19:47
Last Modified: 27 Feb 2020 19:47
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3535

Actions (login required)

View Item View Item