Меѓународни научни конференции во организација на Факултетот

Nikoloski, Dimitar (2015) Меѓународни научни конференции во организација на Факултетот. Еквилибриум (18). p. 14. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium_18.p...

Abstract

Економскиот факултет-Прилеп ја извршува научно-истражувачката дејност како интегрален дел од делокругот на своето работење. Научно-истражувачката активност започнала од самите зачетоци на Вишата економска школа во шеесеттите години од минатиот век, кога наставниците на школата учествувале во разни истражувања од областа на економското работење на претпријатијата, изготвување на стручни студии, како и учество на семинари, симпозиуми и сл. Подоцна, со прераснување во Висока економска школа, а потоа и во Економски факултет, започна праксата за популаризирање на научно-истражувачката дејност преку организирање меѓународни научни конференции. Така, во изминативе триесетина години, Економскиот факултет-Прилеп има успешно организирано повеќе меѓународни симпозиуми и конференции со што има дадено значаен придонес кон развојот на економската наука во Република Македонија и пошироко. Во продолжение ја приложуваме листата на меѓународни научни конференции во организација на Факултетот.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 27 Feb 2020 12:32
Last Modified: 27 Feb 2020 12:32
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3521

Actions (login required)

View Item View Item