Резултати од создавањето на берлејски сорти тутун

Cavkaroski, D and Risteski, Ilija and Acheska, N and Kočoska, Karolina (1995) Резултати од создавањето на берлејски сорти тутун. In: XVII Симпозиум за тутун, 27-29 септември, 1995, Охрид.

Full text not available from this repository.

Abstract

При долгогодишната селекциона работа, во Институтот за тутун- Прилеп се создадени повеќе берлејски сорти тутун. Некои од нив покажуваат позитивен хетеротичен ефект и отпорност спрема стопански позначајни болести, а даваат и добар принос и квалитет на суровината, со задоволителни хемиски и технолошки својства. Во текот на 1993 и 1994 година беа извршени подетални испитувања на 7 наши новосоздадени сорти, во компарација со пзнатата хрватска сорта Чулинец. Опитите беа изведени на алувијална почва со примена на соодветна агротехника. Врз база на резултатите од двегодишните испитувања може да се донесат следните заклучоци: Сите наши новосоздадени сорти се одликуваат со поголема висина на стракот, нешто поголем број на листови по страк и поголема релативна површина на анализираните листови, во споредба со контролата Чулинец. Двегодишниот просечен принос по страк варира од 54.5 g (Чулинец) до 109.5 g ( Б-1/1991), а по хектар од 1555 kg ( Чулинец ) до 3134 kg ( Б- 1/91). Двегодишната просечна цена варира од 25.95 den./kg ( МБ- 404/93) до 34.23 den./kg ( Б-1/91), а економскиот ефект од 47202.35 den./kg ( Чулинец ) до 107940.00 den./kg ( Б-1/91 ). Климатските услови во вегетациониот период на расадениот туту, а особено врнежите и релативната влажност на воздухот, имаат мошне значајна улога врз сите анализирани производни својства. Во посушната 1993 година се постигнати полоши резултати, соодветно кај сите испитувани сорти. Според сите анализирани производни својства посебно се истакнуваат сортите Б-1/91 и МБ-96/85.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Agricultural Sciences > Agriculture, forestry and fisheries
Divisions: Scientific Tobacco Institute
Depositing User: Ms Biljana Jordanoska
Date Deposited: 03 Nov 2016 14:51
Last Modified: 03 Nov 2016 14:51
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/351

Actions (login required)

View Item View Item