Отворен ден на Економски факултет-Прилеп

Midovska, Marija (2015) Отворен ден на Економски факултет-Прилеп. Еквилибриум (17). p. 6. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

На 2 април 2015 година традиционално, веќе петта година по ред, Економскиот факултет-Прилеп ги отвори вратите и ги пречека матурантите за да се запознаат со можностите што ги нуди нашиот факултет. На овој ден, гости на Факултетот беа околу 500 матуранти заедно со нивните професори и директори од средните училишта од поголем број градови во Република Македонија како што се: Прилеп, Битола, Крушево, Неготино, Кавадарци, Македонски Брод, Демир Хисар и други.
Целта на отворениот ден беше матурантите да го почувствуваат амбиентот на академската средина, да се запознаат со условите и можностите за студирање на Факултетот, да ги согледаат можностите и потенцијалите за остварување на нивните професионални цели, а со тоа да ги остварат нивните професионални амбиции. Преку непосредна и директна комуникација со студентите и професорите на отворениот ден, матурантите имаа можност да добијат одговор на сите прашања што се поврзани со нивното идно студирање на Факултетот.
Посетителите, пред сè, беа запознаени со просторните и техничките капацитети кои ги нуди факултетот преку организираната прошетка низ амфитеатрите, предавалните, компјутерските училници, библиотеката и сл. Потоа, им беа презентирани современите студиски програми, дизајнирани според европските стандарди во високото образование. Секоја од овие студиски програми обезбедува соодветна специјализација во определена област на економијата и бизнисот, едукација на образовни профили во согласност со потребите на пазарот на труд во Република Македонија. Во зависност од афинитетите и сопствената визија за иднината, идните студенти можат да изберат една од следните студиски програми: Е-бизнис, Маркетинг менаџмент, Сметководство финансии и ревизија, Менаџмент и бизнис, Меѓународна економија и бизнис, Бизнис информатика, Банкарство и финансиски менаџмент, Иновациски и проектен менаџмент.
Понатаму, на матурантите им беа презентирани можностите за практична настава во голем број деловни субјекти со кои факултетот има долгогодишна соработка, како и можностите за меѓународната размена на студентите на познати европски универзитети. Освен тоа, на студентите им беше потенциран и богатиот студентски живот кој е составен дел од секој студентски ден проследен со забава, дружење и различни спортски и културни активности.
Со свои штандови на отворениот ден учествуваа и двете студентски организации – Студентскиот парламент и АИЕСЕК. Претставниците на овие организации им ги презентираа на матурантите своите програми и активности кои го збогатуваат животот на секој студент. Се надеваме дека матурантите задоволни од можностите и условите кои ги нуди факултетот, мотивирани од средбата со професорите и студентите, си заминаа со желба своето студирање наредната академска година да го започнат на нашиот факултет. На овој начин, отворениот ден уште еднаш ги оправда своите цели во промовирање на нашата високообразовна институција како реномиран субјект во областа на изучувањето на економските науки како во Република Македонија, така и пошироко во регионот на Југоисточна Европа.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 27 Feb 2020 09:37
Last Modified: 27 Feb 2020 09:37
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3500

Actions (login required)

View Item View Item