Застапеност на алкалоидите во некои диви видови тутун

Risteski, Ilija and Kočoska, Karolina and Cavkaroski, D and Grabuloski, T (1995) Застапеност на алкалоидите во некои диви видови тутун. In: XVII Симпозиум за тутун, 27-29 септември, 1995, Охрид.

Full text not available from this repository.

Abstract

Во природата, родот Nicotiana е застапен со повеќе од 65 видови кои се одликуваат со голем полиморфизам. Многу од нив се карактеризираат со отпорност на разни болести и ниски температури, но и со различен хемиски состав. Поради овие особини истите во селекцијата се користат за добивање на нови сорти тутун со одредена отпорност и квалитет аи за добивање на сорти во ЦМС форма. Добиените резултати покажуваат дека поголем број од анализираните диви видови содржат никотин, кој се движи од 1.26 % кај N. sandere до 2.48 % кај N. velitina. Норникотинот е одреден кај N. glutinosa 0. 67%, а анабазинот кај N. glauca 0.98%. Никотинот заедно со анабазинот е одреден кај N. digluta, која според Clausen и Goodpeed ( 1925 г.) е амфидиплоид добиен со спонтано вкрстување помеѓу N. glutinosa и N. tabacum. Кај другите анализирани диви видови алкалоидите се најдуваат само во трагови. Извршените хемиски анализи на некои диви видови тутун покажуваат дека застапеноста на алкалоидите се разликува како по квалитативен така и по квантитативен состав. Во периодот што следи потребно е да се извршат посебни проучувања на дивите видови тутун одгледувани во полски услови.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Agricultural Sciences > Agriculture, forestry and fisheries
Divisions: Scientific Tobacco Institute
Depositing User: Ms Biljana Jordanoska
Date Deposited: 03 Nov 2016 14:48
Last Modified: 03 Nov 2016 14:48
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/350

Actions (login required)

View Item View Item