За интелигенцијата и IQ (2)

Hristoski, Ilija (2015) За интелигенцијата и IQ (2). Еквилибриум (16). pp. 14-16. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium16.pd...

Abstract

Кај секој поединец, степенот на интелигенција се менува со текот на годините. Генерално, се смета дека рапидниот раст на интелигенцијата завршува кога личноста ќе ги достигне доцните тинејџерски години, околу 16-тата година од животот. Но, докажано е и тоа дека со вежбање и посветеност, IQ може значително да се подобри. Резултатите од тестирањата на IQ можат значително да варираат не само од еден до друг вид тест, туку и во поглед на возраста на испитаникот. На пример, IQ = 170 кај дете на возраст од 10 години е еквивалентен на IQ = 106 кај возрасен. Друг проблем е непостоењето на стандардизиран и конзистентен сет од тестови за проценка на интелигенцијата со текот на времето, бидејќи како што одминува времето, се покажува дека постојат сѐ повеќе аспекти што треба да бидат опфатени со тестирањето. Веќе се спомнуваат 13 димензии на интелигенцијата (аналитичка, просторна, логичка, мемориска, музичка, лингвистичка, филозофска, морална, спиритуална, интерперсонална, интраперсонална, физичка-телесна и натуралистичка). Гинис ја укинал категоријата „највисок IQ“ во 1990 година, откако било заклучено дека IQ тестовите не се доволно веродостојни за да биде доделена титулата „најинтелигентен човек на Земјата“ на само едно лице. Затоа, информациите за највисок коефициент на интелигенција секогаш треба да се земаат со голема резерва.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 26 Feb 2020 14:14
Last Modified: 26 Feb 2020 14:14
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3486

Actions (login required)

View Item View Item