Воведен збор

Trajkova-Najdovska, Natasa (2015) Воведен збор. Еквилибриум (16). pp. 3-4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium16.pd...

Abstract

Почитувани читатели, Пред нас е уште една година, која сигурно ќе биде исполнета со нови пробеми и предизвици, со нови успеси и достигнувања, и на професионален и на приватен план. И вообичаено, на почетокот на годината ги средуваме впечатоците и резултатите од минатата година, ги правиме плановите за новите 365 дена. За мене лично, оваа година беше одбележана со враќањето на моето прво и старо работно место на Економскиот факултет-Прилеп. Враќањето во амфитеатрите каде што студирав и каде ја започнав мојата професионална кариера разбуди многу спомени од не така далечно време. Задоволство е да се видат старите колеги и да се обноват старите пријателства. Минатата година беше значајна година и за нашето списание Еквилибриум, но и за Факултетот во целина. Со напорна работа на редакцискиот одбор беа реализирани претходните три броја од нашето гласило кое сé повеќе ги адресира потребите на својата читателска публика. Како позначајни настани за Факултетот секако треба да се споменат Меѓународната конференција „Развојот на малите и средни претпријатија и иновациите: Градење конкурентска иднина на Југоисточна Европа“ во организација на Економскиот факултет-Прилеп која наиде на голем одзив и создаде платформа за дискусии и размена на идеи; понатаму, Факултетот традиционално организираше две свечени промоции на дипломирани економисти и магистри; веќе започнаа студиите на вторите генерации на MBA програмата во соработка со Универзитетот Френклин како и меѓународната програма од трет циклус DOCSMES што даваат нова меѓународна димензија во работењето на факултетот. Во контекст на сработеното, може да се рече дека оваа измината година беше успешна за Економскиот факултет-Прилеп, исполнета со предзивици, но и значајни турболенции во окружувањето. Овој број на Еквилибриум донесува неколку актуелни содржини. Најголем дел од насловите се однесуваат на студентскиот живот и активностите на студентите. Имено, по воведниот текст кој се однесува на промоцијата на дипломирани економисти и магистри, следуваат текстовите кои ги опфаќаат разновидните активности, како што се посетата на фабриката Витаминка и на криминалистичкиот музеј. Во овој дел се поместени и впечатоците од студискиот престој на наша докторантка во Суботица, како и впечатоците за Факултетот и воопшто за животот во Македонија на нашите студенти од Африка. Рефлексиите од Темпус проектот и студиската програма DOCSMES продолжуваат и во овој број, како и текстовите посветени на активностите на Студентскиот парламент и на АИЕСЕК. Дополнително, во овој број се наоѓа и текстот кој ја опфаќа прославата по повед 35-годишнината од постоењето на УКЛО. За крај, овој број донесува и неколку текстови од разни стручни области, како што се: Предизвиците на современото банкарство, Персоналниот стратегиски план, текстот посветен на животот и делото на нобеловецот Роберт Солоу, како и продолжение на интересниот текст за интелегенцијата и IQ. Верувам дека текстовите со својата содржина ќе го привлечат вашето внимание. На крај, во име на редакцискиот одбор на Еквилибриум и во мое лично име би сакала да ви посакам успешна, стабилна и просперитетна година.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 26 Feb 2020 14:14
Last Modified: 26 Feb 2020 14:14
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3481

Actions (login required)

View Item View Item