Standing on Shoulders of Giants – Патување низ Убавото

Petrevska Nechkoska, Renata (2014) Standing on Shoulders of Giants – Патување низ Убавото. Еквилибриум (15). pp. 25-26. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/15_nov.pdf

Abstract

Дали некогаш сте се запрашале себеси “што би било ако направев …”? Во животот често се случуваат такви ситуации, а како созреваме, често и добиваме trigger да си поставиме такво прашање, зависно од нешто што ни се случило, убаво или лошо, зависно од окружувањето во кое живееме, зависно од домашните околности, приватниот живот или генерално, зависно од тоа колку сме среќни и предизвикани со себе таму каде што сме и тоа што сме. Во мојот живот, таквото прашање си го поставив најмалку четири пати – додека студирав “што ако отидев да учам некаде во странство, на пример Англија, Германија, дали ќе се снајдев, дали ќе се докажев пред себеси и пред другите дека сум дорасната на комплетниот предизвик, дали ќе останев и да живеам и работам во странство”; потоа додека работев во компанија “што ако одлучевме со мојата фамилија да живееме во Скопје, дали ќе ни беше тешко логистички и како начин на живот, но далеку поуспешно на професионален план, кој носи успешност и во многу други планови, верувајте”; па за време на работата “што ако отидам да работам во странство, конкретно Германија, дали животот ќе ни беше поубав-и-потежок или поубав-и-полесен?” Сите овие пати избирав да не го направам она што можев и во некоја мера и сакав. Заради сплет на животни околности и избори, мои и на најблиските. Четвртиот пат, мојот контекст, мојата личност, окружувањето, поддршката и што би рекла јас “ѕвездите” се порамнија така соодветно, да сосема среќна и исполнета, ви го пишувам ова од стојалиште на “што бидна кога … одлучив да отидам во странство”.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 26 Feb 2020 13:29
Last Modified: 26 Feb 2020 13:29
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3479

Actions (login required)

View Item View Item