Лизингот како форма на финансирање на деловните субјекти во Р.Македонија

Vitanova, Gordana and Odzaklieska, Dragica (2014) Лизингот како форма на финансирање на деловните субјекти во Р.Македонија. Еквилибриум (15). pp. 15-17. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/15_nov.pdf

Abstract

Деловните субјекти, без оглед на нивната големина и организациска структура, треба да обезбедуваат финансиски средства за реализација на нивното тековно и развојно работење. Постојат бројни извори на финансирање што ним им стојат на располагање. Една од можностите за финансирање претставува лизингот, чија застапеност особено се зголемува во последниве години. Покрај давањето опрема под закуп, лизингот опфаќа и обука на кадрите што ќе ја користат опремата, како и одржување и сервисирање на закупената опрема, но и пренесување на современата технологија на корисникот на лизинг. Лизингот, како форма за финансирање, го нудат не само специјализирани компании, туку и самите производители, а во последно време и банките сè поагресивно пристапуваат кон нудење ваков тип услуги на своите комитенти. Светски развиените компании ги користат лизинг аранжманите, пред сè, во областа на транспортот (особено во авионскиот сообраќај), потоа за набавка на современа технологија, хардвер и софтвер, машини во градежништвото и сл. Меѓународните лизинг аранжмани се од особено значење за стопанскиот развој на недоволно развиените земји, бидејќи тие овозможуваат зголемување на производството, раст на конкурентската способност, намалување на невработеноста, како и одржување чекор со техничкиот прогрес. Лизингот е поттикнувач на развојот на малото стопанство, коешто пак, е движечка сила за економскиот развој на земјите во транзиција. Имено, станува збор за извор што особено е погоден за субјекти коишто не располагаат со сопствени и други извори на средства за финансирање на нивното работење.Во овој контекст сосема соодветствува мислата на познатиот филозоф Аристотел, кој вели: ,,Вистинското богатство не е во сопственоста над средствата туку во правото тие да се користат“. Оттука, деловните субјекти, наместо да се изложуваат себеси на ризик купувајќи ги потребните средства, тие ги обезбедуваат нив токму преку лизингот.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 26 Feb 2020 13:29
Last Modified: 26 Feb 2020 13:29
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3475

Actions (login required)

View Item View Item