Воведен збор

Nikoloski, Dimitar (2014) Воведен збор. Еквилибриум (15). pp. 3-4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Почитувани читатели, Настапува уште една есен којашто со својот златен колорит ја обои новата академска година. Долгите и топли летни денови се зад нас, а пред нас се новите предизвици што со себе ги носи академскиот живот. Верувам дека студентите со нетрпение очекуваа да се вратат во друштво на своите колеги – студенти и професори на Економскиот факултет-Прилеп и повторно да се зафатат со совладување на проблематиката од разновидните наставни дисциплини. За професорите и асистентите, пак, почетокот на новата академска година секогаш е поврзан со нов ентузијазам и надеж дека претстојната година ќе биде поуспешна од претходната. Новиот почеток, исто така, претставува и лајтмотив за овој број на Еквилибриум којшто постепено се етаблира во списание вредно за респект. Како и вообичаено, овој број на Еквилибриум донесува разновидни содржини коишто информираат, едуцираат или пак разонодуваат, а произлегуваат од секојдневните активности на Економскиот факултет-Прилеп. Текстовите со информативна содржина ќе Ве запознаат за првиот академски час, меѓународната конференција „Развојот на малите и средни претпријатија и иновативноста: Градење конкурентска иднина на Југоисточна Европа“, како и новостите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. Натаму, од „прва рака“ ги пренесуваме рефлексиите од докторската програма DOCSMES, искуствата на наша колешка Рената Петревска-Нечкоска од студискиот престој во Белгија и предавањето на директорот на Центарот за вработување-Прилеп, Силвана Пашовска. Текстовите со стручна содржина ги третираат проблемите на лизингот како форма на финансирање на деловните субјекти во Р. Македонија, вештините за пишување научно-истражувачки труд, како и транзицијата од економија за преживување до економија за вселената. Во стандардната рубрика „Влијателни економисти“, овој пат ги пренесуваме животниот пат и делото на Питер Дракер, додека со забавна и деукативна содржина е текстот посветен на интелегенцијата и нејзиното мерење. Студентите го даваат својот придонес и во овој број на Еквилибриум со текстовите на Андреј Габроски и Ангела Реловска кои нé запознава со активностите на Студентскиот парламент и локалната канцеларија на АИЕСЕК при Економскиот факултет-Прилеп. Во оваа прилика, од името на редакцискиот одбор на Еквилибриум на сите студенти им посакувам успешен почеток на новата академска година.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 26 Feb 2020 13:28
Last Modified: 26 Feb 2020 13:28
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3470

Actions (login required)

View Item View Item