Mеѓународна конференција во организација на Економски факултет - Прилеп

Nikoloski, Dimitar (2014) Mеѓународна конференција во организација на Економски факултет - Прилеп. Еквилибриум (14). pp. 6-7. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Економски факултет - Прилеп ја продолжува заложбата да биде промотор на најновите достигнувања во полето на економските науки преку организирање меѓународни научни конференции. Во тој контекст, во периодот од 3 до 4 октомври оваа година, Факултетот ќе биде организатор на меѓународната научна конференција „Развојот на малите и средни претпријатија и иновациите: Градење конкурентна иднина на Југоисточна Европа“ која ќе се одржи во хотелот „Милениум Палас“, Охрид. Оваа конференција е поддржана од страна на Централно - Европската Иницијатива (CEI), а како коорганизатор покрај Економски факултет - Прилеп се јавува и Центарот за иновации и развој (CINNOD).
Целта на конференцијата е да се истакнат повеќе аспекти на современите промени во Земјите од Југоисточна Европа насочени кон зголемување на иновациите и постигнување одржлив развој. Поконкретно, конференцијата ќе креира платформа за презентирање различни академски и професионални пристапи и дебати за развојот на иновациите кај малите и средни претпријатија во Земјите од Југоисточна Европа. Конференцијата ќе им овозможи на истражувачите, практичарите, докторантите и креаторите на политики да го дадат својот придонес преку согледување на проблемите од теоретска и емпириска гледна точка. Исто така, таа ќе понуди можност за размена на идеи, градење партнерства, споделување на знаење и искуства за подобрување на иновациските капацитети на малите и средни претпријатија.
Темите коишто ќе бидат застапени на конференцијата се следни: интернационализација на малите и средни претпријатија и иновациите; влијанието на информатичко-комуникациската технологија врз конкурентноста на малите и средни претпријатија; отворени иновации за развој на малите и средни претпријатија; иновациските политики во земјите на Југоисточна Европа; иновацискиот менаџмент во услови на економија заснована врз знаење; предизвици на социјалните иновации во земјите на Југоисточна Европа.
На конференцијата се пријавени повеќе од 120 трудови, а бројот на автори достигнува 250. Пријавените учесници доаѓаат од голем број земји: Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Турција, Кипар, Молдавија, Италија и Австралија. За учесниците на конференцијата овој настан ќе претставува можност да ги споделат своите научни сознанија и да стекнат нови контакти со свои колеги од земјите на Југоисточна Европа. Очекуваме, конференцијата да ги постигне поставените цели и на тој начин да придонесе за поттикнување на иновативноста на малите и средни претпријатија во Република Македонија и пошироко.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 26 Feb 2020 12:57
Last Modified: 26 Feb 2020 12:57
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3465

Actions (login required)

View Item View Item