Денови на образование и кариера

Midovska, Marija (2014) Денови на образование и кариера. Еквилибриум (14). p. 6. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/14.pdf

Abstract

Од 10 до 15 април 2014 година на Скопскиот саем по 17 пат се одржа манифестацијата Денови на образование и кариера. Оваа манифестација се одржува со цел да ги поддржи младите за успешен развој во нивната кариера. Манифестацијата за отворена ја прогласи г-ѓа Даниела Глигоровска, извршен директор на Скопски саем, во присуство на министрите: за образование и наука, г-дин Спиро Ристовски, и за внатрешни работи, г-ѓа Гордана Јанкулоска. Во оваа прилика со свој штанд се претстави и Универзитет „Св. Климент Охридски – Битола“, а со тоа и Економскиот факултет - Прилеп како една од единиците на Универзитетот. Идните студенти имаа можност да се информираат за студиските програми на прв, втор и трет циклус на студии кои ги нуди Економскиот факултет. Исто така тие имаа можност да добијат информации и за условите за запишување, можноста за размена, организацијата на студиите, практичната и клиничката настава. Овие саемески денови претсатвуваат промоција на знаењето, денови на отворени предизвици за младите посетители во поглед на тоа каде да се продолжи образованието и идната професионална кариерата. Вредно е да се напомене дека образованието е јадро кое човекот го прави подготвен за повеќето предизвици во општеството. Во тој поглед манифестација претставуваше спој на средното и високото образование и овозможи поддршка на младите луѓе за градење успешна кариера. Паралелно со Деновите на образование и кариера се одржа и 25-от по ред Саем на книга, една од најзначајните културни манифестации во нашата земја. Саемот на книга обезбедува најголема понуда на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, белетристика, стручна и научна литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста. Овој саем е една од најпосетените саемски манифестации кај нас и истиот има огромно значење и улога во создавање на традиција и култ кон пишаниот збор. На саемот на книга можност да изложуваат имаа голем број издавачи од Македонија, Грција, Бугарија, Словенија, Чешка, Унгарија, Русија, Германија, Словачка, Италија, Швајцарија и Велика Британија.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 26 Feb 2020 12:57
Last Modified: 26 Feb 2020 12:57
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3464

Actions (login required)

View Item View Item