Воведен збор

Nikoloski, Dimitar (2014) Воведен збор. Еквилибриум (14). p. 3. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

На крајот сме од уште една академска година, период кога се сумираат постигнатите резултати и се кројат планови за во иднина. Се надеваме дека изминатава година беше успешна за поголемиот број студенти, а претстојниот летен преиод ќе биде можност за полнење на батериите пред новите предизвици. Имајќи ги предвид големиот број случувања во Економскиот факултет - Прилеп во изминатиот семестар, овој број на „Еквилибриум“ е исполнет со разновидни и интересни содржини што со задоволство ви ги претставуваме. Најнапред, вообичаено известуваме за тековните активности во Факултетот како што се промоција на дипломирани економисти и магистри, организирање отворен ден на Економски факултет - Прилеп и претставување на Факултетот на Денови на образование и кариера. Тука, посебно треба да се издвои текстот на проф. д-р Марика Башеска - Ѓорѓиеска што информира за завршна конференција на проектот DOCSMES, како и најавата на меѓународната конференција во организација на Економски факултет - Прилеп од проф. д-р Димитар Николоски. Меѓу текстовите со стручна содржина во ова издание на „Еквилибриум“ се поместени „Менаџерско лобирање“ од Марјан Танушевски, „Дезинформацијата како ефикасно оружје“ од проф. д-р Пеце Николовски и „Електронските платежни картички и нивната злоупотреба“ од доц. д-р Марјан Ангелески. Во рамките на рубриката влијателни економисти, Димитар Николоски пишува за животот и делото на нобеловецот Гери Бекер, а за новостите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, вообичаено, известува Елизабета Ангелеска - Атанасоска. Студентите и овојпат партиципираат со свои текстови посветени на предавањето организирано од американската амбасада чиј автор е Ана Дајовска и турнирот во мал фудбал од Стефан Ветаџокоски. Активистите на АИЕСЕК Прилеп подготвија голем број содржини во врска со нивните активности како што се: кампањата „Летово сакам“, Eвропскиот лидерски развоен семинар, проектот „Глобално село“, презентација на Про Кредит банка, конференцијата EuroXpro 2014, проектот „Go Clean“ и натпреварот во организација на ЕВН Македонија. Во оваа прилика на сите читатели на „Еквилибриум“ редакцискиот одбор им посакува пријатен летен одмор.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 26 Feb 2020 12:57
Last Modified: 26 Feb 2020 12:57
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3461

Actions (login required)

View Item View Item