Промоција на дипломирани студенти и магистри

Risteski, Stefana (2014) Промоција на дипломирани студенти и магистри. Еквилибриум (13). p. 4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

На 17 декември 2013 година на Економскиот факултет-Прилеп се одржа свечена промоција на магистри по економски науки и дипломирани економисти коишто магистрирале и дипломирале во периодот од 10 март 2013 година до 10 октомври 2013 година. На овој свечен чин присутните, најнапред, ги поздрави деканот на Факултетот, проф. д-р Ѓорѓи Манчески, кој истакна дека влогот во образованието претставува влог во иднината на секој млад човек, а стекнувањето со диплома е предуслов за натамошниот професионален успех. Потоа, збор зеде и проректоророт за настава на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, проф. д-р Сашо Атанасоски кој, во својот инспиративен говор, ги истакна напорите што Економскиот факултет-Прилеп и Универзитетот ги прават за едукацијата на компетентни високостручни кадри. На оваа промоција беа промовирани вкупно 187 дипломирани економисти од кои: 41 дипломиран економист според програмата ЕКТС запишани во периодот од 2004 година до 2008 година; 84 дипломирани економисти според програмата ЕКТС запишани во периодот од 2009 година до 2012 година; 26 дипломирани економисти, запишани во периодот од 2001 година до 2003 година; и 36 дипломирани економисти според стара програма, запишани во периодот до 2000 година. Вкупниот број промовирани магистри на економски науки изнесуваше 38, од кои 29 се магистранти на II-циклус, запишани во периодот од 2009 година до 2012 година и 9 магистри запишани на после дипломски студии во периодот до 2007 година. Економскиот факултет-Прилеп, според веќе воспоставената традиција, на најдобрите дипломирани студенти им додели награди и пофалници. Во тој контекст, за најдобри студенти со просечен успех 9,88, беа прогласени Наковска Марија и Николоска Елизабета на кои им беа доделени пригодни награди и пофалници. Оние студенти, пак, кои дипломирале со просечен успех повисок од 9,00 добија пофалници за постигнатите резултати. Целокупната манифестација помина во свечена и пријатна атмосфера и се надеваме дека ќе остане долго време запаметена од новите дипломирани студенти и магистри, како и од сите останати присутни.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 26 Feb 2020 12:35
Last Modified: 26 Feb 2020 12:35
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3453

Actions (login required)

View Item View Item