Воведен збор

Nikoloski, Dimitar (2014) Воведен збор. Еквилибриум (13). pp. 3-4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/13.pdf

Abstract

Почитувани читатели, На почетокот сме од уште една нова календарска година којашто за сите нас ветува многу. Се надеваме дека новата 2014. ќе биде исполнета со многу пријатни моменти и успеси на сите полиња од животот како за студентите, така и за наставничкиот и соработничкиот кадар на Економскиот факултет-Прилеп. На сите нив им порачуваме, во оваа година, со несмален ентузијазам да продолжат со реализација на своите планирани активности, но исто така да ги очекуваат и плодовите од својата работа. Во таа насока, Еквилибриум и натаму ќе продолжи да информира за активностите што се преземаат во Факултетот, да разонодува со своите забавни содржини, а сепак да ја задржи својата сериозност и професионалност, својствени за едно академско гласило. Во тој контекст, и овој број на Еквилибриум донесува мошне разновидни содржини коишто, се надеваме, ќе имаат доволно привлечна сила за да го задржат вниманието на нашите читатели. Меѓу информативните текстови треба да ги споменеме оние коишто информираат за промоцијата на дипломирани студенти и магистри на Економскиот факултет-Прилеп, потоа промоцијата на првата генерација магистри на МБА програмата на Универзитетот Френклин, прославата на патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, како и крводарителската акција во организација на Студентскиот парламент на Факултетот. Освен тоа, во овој број нашата наградена студентка Елизабета Николоска, пишува за своите истражувачки искуства и добиената награда за научно-истражувачки труд на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, а колешката Марија Наковска, исто така наградена за најдобар успех, во рубриката влијателни економисти нé запознава со животот и делото на истакнатиот маркетинг гуру Филип Котлер. Не помалку интересни се и останатите текстови од наши колеги, како што се оние за германскиот дуален систем за стручно образование и тренинг, „перењето пари“, сметководствениот дом на славата и web 2.0. Од друга страна, содржини со понагласена стручна проблематика имаме во текстови за стечајниот управник, како фактор за времетраeњето на стечајната постапка и електронските аукции, како современ начин на тргување. На крај, како и во претходните броеви од Еквилибриум, Ве запознаваме со активностите на АИЕСЕК, пренесувајќи ги искуствата од претстојот во Р. Македонија на практикантот од САД, Кристофер Кинтос, како и учеството на нашата студентка Викторија Петреска на меѓународната конференција „Млади амбасадори за помирување“. На крај, уште еднаш, од мое име и од името на Редакцискиот одбор на Еквилибриум Ви посакувам многу здравје и успеси во Новата година. Имено, индивидуалните успеси на секој од нас ќе претставуваат успеси за институцијата, но и за општеството во целина. Затоа, на сите студенти им порачуваме 2014. да ја запаметат по стекнатите знаења и положени испити што ќе водат кон нивната крајна цел – стекнување диплома, а за професорите и асистентите таа да остане „врежана“ по нивните професионални дострели во одделните полиња на научен интерес.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 26 Feb 2020 12:35
Last Modified: 26 Feb 2020 12:35
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3452

Actions (login required)

View Item View Item