Биткоин - електронски пари

Angeleski, Marjan (2013) Биткоин - електронски пари. Еквилибриум (12). pp. 20-21. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium_okto...

Abstract

Од неодамна една од најпознатите дигиталнимрежни пари, засновани на тн. peer-to-peer electronic cash systemе, се тн. биткоин (bit како единица за информација и coin како монета). Биткоин (BTC) е заснован на “open source” протокол и се дистрибуира преку peer to peer (P2P) мрежи. Оваа валута не подлежи на ниту една централна банка во светот. Биткоинот е осмислен од страна на Јапонецот Сатоши Накамото, во 2009 година. Биткоин парите ги преферираа анархистите, борците за широки права на приватност, либералистите и сите оние што немаат позитивен став кон централните банки или банките воопшто. Големи љубители на вакви вонинституционални пари станаа Американците кои беа разочарани од финансискиот систем што не можеше да ја спречи финансиската криза во 2008 година. Државите, но и банкарите не се најсреќни поради постоењето на биткоин, особено заради фактот што тоа е начин да се избегнат плаќањата на даноците, бидејќи парите се пренесуваат “одраканарака” без никаков посредник, со што банките остануваат без наплаќање провизија, камата и сл.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 24 Feb 2020 21:40
Last Modified: 24 Feb 2020 21:40
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3409

Actions (login required)

View Item View Item