Воведен збор

Nikoloski, Dimitar (2013) Воведен збор. Еквилибриум (12). pp. 3-4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium_okto...

Abstract

На почетокот сме од уште една академска година што ветува голем број интересни активности како за вработените во нашата институција, така и за студентите. Секој почеток, сам со себе, носи неизвесност што е испреплетена со разновидни и, честопати, измешани емоции. Од една страна, тоа се исчекувањата и неспокојството што произлегуваат од непознатото, а од друга страна, се предизвиците и надежта поврзани со новата квалитативна промена, што значи високото образование. Но, сепак, влогот во високото образование, колку и да е ризичен, на долг рок се потврдува дека е исплатлив и придонесува како за професионалниот успех на поединецот, така и за економскиот развој на општеството во целина. Изучувањето на дисциплините во сферата на економијата, менаџментот и бизнисот, само по себе, е интересно а воедно претставува и одговорна задача, имајќи ги предвид економските проблеми со коишто се соочува нашата земја. И оваа есен неколку стотини бруцоши ги започнаа своите студии на Економски факултет-Прилеп и се приклучија кон економската фела. Запишувајќи се на оваа институција тие добија уште едно катче каде што ќе можат да поминуваат пријатни моменти исполнети со предавања, вежби, но и дружење со своите колеги-студенти. Во тој поглед, Факултетот нуди извонредни можности за студирање и професионално усовршување на младите генерации и претставува една од најсовремените високообразовни институции во Република Македонија. Имено, во склопот на Факултетот има пет амфитеатри, голем број предавални, две компјутерски училници, библиотека, читална, интернет клуб, простор за социјализација и сл. Ако кон ова се додадат компетентноста, коректноста и срдечноста на професорите, асистентите и останатиот административен персонал, ќе може да се заокружи сликата за Факултетот како пријатно место за студирање и дружење. Во своето тригодишно егзистирање „Еквилибриум“ ги следи активностите во Економскиот факултет-Прилеп и придонесува за популаризација на економската наука и останатите сродни дисциплини меѓу читателската публика од Факултетот и пошироко. И овој дванаесетти број донесува низа интересни содржини што, веруваме, ќе го задржат вашето внимание и ќе ја исполнат функцијата на ова гласило да информира, едуцира и разонодува. Така, во информативниот дел ќе Ве запознаеме со свечениот почеток на академската година, условите за сместување на студентите, спортскте успеси, како и забавата на студентите. Во стручниот дел, пак, следуваат повеќе текстови коишто се однесуваат на борбата против пиратеријата, информатиката и бизнис интелегенцијата, новите достигнувања во сметководството и сл. Во рубриката влијателни економисти ќе Ве запознаеме со делото и научниот придонес на американскиот економист Пол Кругман. На крај, студентите ќе можат подетално да се запознаат со програмата „Млади во акција“, чија функција е постигнување поголема академска мобилност, како и со активностите на меѓународната студентска организација АИЕСЕК. Се надеваме дека „Еквилибриум“ и натаму ќе остане интересно четиво за нашите студенти, а воедно од името на Редакцискиот одбор на сите нив им посакуваме многу здравје и успеси во студирањето.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 24 Feb 2020 21:40
Last Modified: 24 Feb 2020 21:40
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3402

Actions (login required)

View Item View Item