Стипендисти од македонската дијаспора

Petrevska Nechkoska, Renata (2013) Стипендисти од македонската дијаспора. Еквилибриум (10). pp. 16-17. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium_10.p...

Abstract

Дали човекот во своето битисување како средношколец, студент, па и во текот на целиот живот, барем генерално е свесен за диверзифицираноста што постои околу и во секој од нас? Доаѓаме од различни средини, имаме различни искуства, потекло, начини на размислување, начини на гледање на работите и пристапување кон проблемите, различни идеи и сфаќања околу тоа што е подобро, понапредно, како и што е најважно, а што споредно. Во целата таа различност постојат неколку заеднички нишки што можат да направат да се чувствуваме блиски едни со други. Една од нив е нашето потекло како светски граѓани. Имено, Република Македонија е држава чијашто популација живее во рамките на географската територија, но значителен дел и надвор од неа, и тоа на сите континенти. Станува збор за генерации кои се или, пак, се чувствуваат како Македонци, бидејќи доаѓаат од семејства во кои родителите се со различно потекло од различни држави, но во себе имаат нишка од онаа македонска генеза. Токму тоа придонесува тие да се чувствуваат побогати во себе и во она што го носат како наследство, а истовремено да сакаат да придонесат во двете заедници коишто ги сметаат за свои.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 23 Feb 2020 18:35
Last Modified: 23 Feb 2020 18:35
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3354

Actions (login required)

View Item View Item