Воведен збор

Nikoloski, Dimitar (2013) Воведен збор. Еквилибриум (10). pp. 3-4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium_10.p...

Abstract

Задоволство ми претставува во почетокот на десеттиот број од „Еквилибриум“ да ви се обратам, сумирајќи ги досегашните остварувања на ова наше гласило, коешто веќе трета година опстојува на македонската медиумска сцена. Заклучно со овој број, во „Еквилибриум“ се објавени вкупно 143 статии, а како автори продефилирале повеќе од 70 имиња од кои, дел се вработени во Економскиот факултет-Прилеп, дел се студенти во Факултетот, а преостанатите се надворешни соработници или алумни. Овие податоци се за особен респект, бидејќи говорат за значењето на „Еквилибриум“, како еден вид хроника за работењето на Економскиот факултет-Прилеп, како и за мобилизацијата на неговиот целокупен кадровски потенцијал во насока на публицистичко промовирање на нашата високо-образовна институција. Засега „Еквилибриум“ целосно го оправдува своето име, односно се обидува успешно да балансира во разнородноста на третираните проблеми и содржини. Така, во еден дел од статиите информираме за тековните активности коишто се одвиваат на нашиот Факултет, како што се: промоции на дипломирани студенти, гостувања на реномирани стручаци од бизнисот, отворени денови и сл. Од друга страна, значителен број од статиите се со нагласен академски карактер, односно преку нив нашите професори или надворешните соработници се обидуваат до читателската публика да доближат интересни научни проблеми. Некои од рубриките, како што се: влијателни економисти и истакнати алумни, во обликувањето на „Еквилибриум“ успејаа да се етаблираат како негови препознатливи белези. Треба да се истакне дека не помалку значајни се и рубриките во коишто пишуваат студентите и коишто се однесуваат на студенткиот живот, како што се: активностите на АИЕСЕК и Студентскиот парламент, спортските активности, апсолвентските прослави и екскурзии и сл. И овој број „Еквилибриум“ донесува интересни содржини за нашата читателска публика. Така, во почетокот информираме за тековните активности во Факултетот, како што се: средбата со претставници на мали и средни претпријатија од Пелагонискиот регион и започнувањето со работа на виртуелната компанија. Натаму, професорките Маргарита Јанеска и Гордана Витанова пишуваат за животното осигурување во Република Македонија, додека професорката Сузана Талеска се осврнува на стекнувањето и промената на големината на сопствениот капитал во деловните субјекти. И овојпат професорот Пеце Николовски се осврнува на интересна проблематика, односно на бизнисот како војна во којашто секогаш се бара победа додека, пак, анализата и деловното одлучување е проблематиката во текстот на професорот Борка Соколоски и Игор Здравкоски. Во рубриката - истакнати економисти, во овој број ви го претставуваме ликот и делото на водечкиот гуру на менаџментот – Мајкл Портер, додека, пак, во рубриката успешни алумни ве запознаваме со нашата поранешна студентка Чолаковска Христина. Новостите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола ги донесува нашата соработничка Елизабета Атанасоска, а за новостите од работењето на АИЕСЕК дознаваме од Маргарита Попоска. За стипендистите од македонската дијаспора, поточно од Мала Преспа, пишува нашата колешка Рената Петревска, додека успешната приказна за работењето на Фондација БСЦ Битола ја пренесува нашата соработничка Сузана Трајковска-Кочанковска. Новости во овој број на „Еквилибриум“ се извадоците од студентскиот живот и забавната страница со коишто ќе се обидеме да го надополниме неговиот забавен карактер. На крај, сакам да изразам честитки до Редакцискиот одбор на „Еквилибриум“, предводен од деканот на Факултетот, проф. д-р Ѓорѓи Манчески, за вложените напори и истрајноста, благодарение на коишто нашето гласило го доживува својот десетти број. Се надевам дека „Еквилибриум“ ќе продолжи успешно да информира, забавува и едуцира уште многу генерации сегашни и идни студенти на Економскиот факултет-Прилеп. На тој начин ќе се обидуваме да го разбиваме нашето академско сивило и да даваме сопствен придонес во колоритноста на секојдневното општествено живеење.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 23 Feb 2020 18:34
Last Modified: 23 Feb 2020 18:34
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3346

Actions (login required)

View Item View Item