Влијателни економисти – Џон Неш

Kostoska, Olivera (2012) Влијателни економисти – Џон Неш. Еквилибриум (9). pp. 18-20. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium9.pdf

Abstract

Брилијантен, но необичен, интелектуално софистициран и социјално комплициран, Неш го заслепи светот на математиката во 50. години од минатиот век со неверојатни и оригинални резултати во неколку области. Засега милиони луѓе се запознати со трагичните аспекти од животната историја на Неш, благодарение на филмот што доби Оскар, а каде што главната улога ја толкуваше Russell Crowe, и книгата „Прекрасен ум“ на Sylvia Nasar, врз којашто се заснова филмот. Но, како книгата, така и филмот ја испитуваат конфликтната комплексност во природата на Неш, меѓутоа не продираат подлабоко во неговата математика. Оттука, за повеќето луѓе неговите достигнувања и натаму остануваат нејасни. Денес математиката на Неш во светот на науката допира повеќе дисциплини од онаа на Newton или Einstein. Она што математиката на овие научници го направи во полето на физиката, тоа го постигна математиката на Неш за во сферата на биолошките и општествените науки. Впрочем, да не се замешаше психичката болест, името на Неш денес ќе се изговараше со истиот нагласок како и она на научните гиганти од минатото. Тој има значаен придонес во неколку специјалности од математиката. Сепак, најголемата слава тој ја достигна во економијата, т.е. во областа во која ја подели Нобеловата награда, во 1994 година, заедно со Џон Harsanyi и Reinhard Selten за нивниот истакнат придонес во теоријата на игри.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 23 Feb 2020 17:48
Last Modified: 23 Feb 2020 17:48
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3344

Actions (login required)

View Item View Item