Промоција на дипломирани економисти и магистри

Zdravkoski, Igor (2012) Промоција на дипломирани економисти и магистри. Еквилибриум (9). p. 8. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium9.pdf

Abstract

Традицијата на свечено доделување дипломи на Економскиот факултет-Прилеп продолжува и оваа година. Имено, на 17 декември 2012 година имавме можност да бидеме дел од свечениот настан кога беа доделени дипломи на 205 дипломирани економисти и 25 магистри по економски науки кои дипломирале, односно магистрирале во периодот од 1 април до 10 октомври 2012 година. Во академски амбиент, во холот на Факултетот, пред присутните дипломирани економисти, магистри по економски науки, нивни роднини и пријатели, како и многубројните професори и асистенти се обрати проф. д-р Ѓорѓи Манчески, декан на Економскиот факултет-Прилеп. Тој, во своето обраќање, им честиташе на дипломците и магистрите за успехот и им посака среќа во натамошната професионална кариера. Меѓу другото, тој нагласи дека едукативниот пат не запира тука и дека голем број од нив ќе продолжат со натамошно образование и професионално усовршување. Потоа на присутните им се обрати проректорот за настава при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, проф. д-р Сашо Атанасоски. Тој, во своето инспиративно обраќање, ја истакна улогата на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола во економскиот развој на регионот и во тој контекст ја потенцираше водечката улога на Економскиот факултет-Прилеп во рамките на Универзитетот. Свечената манифестација беше почестена и од градоначалникот на општина Прилеп, господин Марјан Ристески кој, исто така, зеде збор и им порача на студентите да вложуваат во своето образование, придонесувајќи за економскиот развој на Република Македонија. Тој ја искористи приликата, на првенецот на генерацијата, Павлина Петреска, која дипломираше со просек 10.00, да и понуди вработување во администрацијата на локалната самоуправа-Прилеп. Во програмата имаше вклучено и забавен дел во којшто учествуваа претставници од македонската поп-рок сцена, односно бендот The Hounds што, на себе својствен начин, се презентираше и ја збогати оваа манифестација. По завршувањето на свечениот дел од промоцијата, присутните беа почестени со коктел, каде што меѓусебните честитки продолжија во пријатна и релаксирана атмосфера. Со овој настан Економскиот факултет-Прилеп се потврдува како една од најзначајните единици на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, што во своето петдецениско постоење континуирано профилира кадри кои секогаш се одлични претставници на економската наука во регионот и на меѓународно ниво. Уште еднаш, од името на вработените во Економскиот факултет-Прилеп, на дипломираните економисти и магистри им честитаме и им посакуваме многу здравје и успех во Новата 2013 година.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 23 Feb 2020 17:48
Last Modified: 23 Feb 2020 17:48
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3339

Actions (login required)

View Item View Item