Интересна економија – Олимпизмот и економијата

Nikoloski, Dimitar (2012) Интересна економија – Олимпизмот и економијата. Еквилибриум (8). pp. 26-28. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium_8.pd...

Abstract

Зад нас е уште една успешно организирана олимпијада што се одржа во Лондон, во периодот од 27 јули до 12 август 2012 година. И овојпат олимпијадата беше еден од централните настани на годината што преку електронските и пишаните медиуми континуирано се пренесуваше низ целиот свет. Лондон, којшто ја имаше честа по третпат во историјата да биде домаќин на најдобрите спортисти во светот, може да се каже дека е град со најголемо искуство во организирањето на летните олимписки игри. На програмата беа 36 дисциплини, а на спортските терени продефилираа повеќе од 10.000 спортисти. На ова треба да се додаде дека Лондон оваа година беше организатор и на паролимписките игри коишто, исто така, привлекоа големо внимание и интерес. Сите овие податоци се за респект, а доколку се земе предвид и беспрекорната организација, тогаш може да се заклучи дека Велика Британија и овојпат постави врвни критериуми коишто ќе претставуваат предизвик за сите натамошни организатори на олимписките игри.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 22 Feb 2020 18:11
Last Modified: 22 Feb 2020 18:11
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3331

Actions (login required)

View Item View Item