Искуствата од меѓународната ликовна изложба SAFTH

Gligorovski, Violeta (2012) Искуствата од меѓународната ликовна изложба SAFTH. Еквилибриум (8). pp. 23-24. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

SAFTH (Small Art From The Heart) е интернационална ликовна изложба, којашто се одржуваше во периодот од 11.08.2012 год.-02.09.2012 год. во Newaygo, Michigan и е претставена како спој на ликовната уметност со една добротворна кауза, и тоа: „Стоп за злоупотребата на децата“.
Креативноста и уметноста на авторите се ставени на мали картички, ACEO (Art Cards, Editions and Originals), добротворност претопена во уметност и начин да се поседуваат врвни уметнички дела, од ценети уметници низ целиот свет, за минимална сума. Во истовреме, уметниците од цел свет имаа можност да ги промовираат своите дела, својота техника на сликање, со една повисока цел, а тоа е заштитата на децата. На изложбата се прикажани 2000 уметнички дела од цел свет, една нова димензија на приближување на уметноста до сите љубители.
Анкица Стојаноска (библиотекар – лектор на Економски факултет – Прилеп) е единствениот уметник којшто ја претставуваше Република Македонија и учествуваше на оваа престижна изложба, и тоа со свои четири авангардни уметнички дела: Girl in the grass, Musician from my yard, Simply poppy и Red love од коишто две беа селектирани и ставени на промоцискиот материјал и изработени во форма на картички, достапни за секого.
Својата талентираност за сликарската уметноста веќе неколку години ја изразува со извонредни иновациски техники во сликарството, дефинирање еден сопствен стил на уметничко изразување, којшто стил веќе е препознатлив во нејзините дела. Инспирацијата за своите уметнички дела ја црпи од длабочината на сопствениот имагинативен свет, со една суптилна опсервација на светот што не окружува. Во нејзините дела доминира импресионизмот на Ван Гог којшто се наметнува преку една форма во нејзините дела, но исто така го препознаваме и Моне според начинот на употребата на колоритот во нејзините дела. Авторот има над 120 уметнички дела и котира со еден висок рејтинг меѓу врвни уметници во светот. Нејзините уметнички дела може да ги видите на www.paintingsilove.com.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 22 Feb 2020 18:11
Last Modified: 22 Feb 2020 18:11
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3329

Actions (login required)

View Item View Item