Воведен збор

Kostoska, Olivera (2012) Воведен збор. Еквилибриум (8). pp. 3-4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium_8.pd...

Abstract

Почитувани читатели, Зад нас се повеќе од пет децении трансформација, прогрес, иновации, градење капацитети, а веќе сме на прагот на уште една нова академска година... Тоа е секогаш возбудлив настан - нови студенти, нови студиски програми, нови можности за младите, љубопитни умови од коишто се очекува да го управуваат кормилото во сопствената држава. Зашто токму тие, студентите и истражувачите, преку својата креативност, проблемски пристап и подготвеност за иновирање можат значајно да придонесат за интензивирање на развојните процеси во земјата. А ние, пак, како академска заедница, преку понудената експртиза низ различните дисциплини, ја имаме исклучително сериозната одговорност да продуцираме нови таленти коишто ќе умеат да се диференцираат според своите знаења, вештини и компетенции. Живееме во свет на континуирани промени кога глобалните и меѓународните перспективи се прошируваат, а зависноста меѓу секторите и географските граници сé повеќе се зголемува. Во услови на леснодостапни можности и пристап кон сосема идентични содржини, пред секого се наметнува прашањето: кои се клучните компетитивни фактори – додадената вредност којашто тој/таа може да ја обезбеди? Економскиот факултет – Прилеп, денес, припаѓа во ексклузивната група етаблирани и препознатливи високообразовни институции. Својот одржлив концепт и примарна мисија ги реализира преку високорелевантните и квалитетни содржини, секогаш отворениот пристап кон развојот на нова методолошка рамка, успешната меѓународна соработка, технолошката модернизација, како и негувањето долгорочни релации со бизнис заедницата, ѓраѓанското општество и јавниот сектор. Веруваме дека овие фундманетални вредности ќе бидат зачувани и во годините пред нас. Нашето партнерство со вас, драги студенти, е многу повеќе од едноставна инспирација, зашто вредноста се креира преку учење и заедничко развивање. Токму затоа, бидете храбри, иновативни, иницирајте промени, сами обликувајте ја вашата иднина и, запомнете: изгубената можност никогаш не се враќа! Гласилото „Еквилибриум“ е уште една од успешните приказни во иновацискиот концепт на Факултетот. Со својот едукативен, информативен и забавен карактер „Еквилибриум“ претставува исклучителна комбинација на диверзифицирани содржини. Корелацијата меѓу олимпизмот и економијата, Марфиевите закони и високото образование, како и методите и техниките на бизнис шпионажата се само дел од текстовите на овој број коишто сигурно ќе го заинтригираат Вашето внимание. И овојпат е претставена стандардната рубрика „влијателни економисти“, во којашто фокусот е поместен кон Милтон Фридман. Пред читателите на „Еквилибриум“ се презентирани и позитивните искуства од завршувањето на првиот семестар од докторската програма по претприемништво и менаџмент на мали и средни претпријатија. Тие, исто така, ќе имаат можност да се запознаат со потенцијалите за продлабочување на соработката со Универзитетот Френклин, како и со впечатоците на професорот Гери Страуд од престојот во Република Македонија. Во рубриката „успешни алумни“ е претставена едукативната надградба и успешното професионално движење на д-р Стевчо Димески, регионален директор во Стопанска банка АД – Скопје. Дел од текстовите, пак, поместуваат информации поврзани со интернационална ликовна изложба и искуствата на Анкица Стојаноска (библиотекар – лектор на Економскиот факултет во Прилеп), како единствен уметник, репрезент од Република Македонија на овој престижен настан. Особено значајна информативна содржина за идните студенти е онаа за можностите што ги нуди државниот студентски дом Народен Херој „Орде Чопела“ од Прилеп. И сосема за крај, и овој број на „Еквилибриум“ е збогатен со новостите од АИЕСЕК и третонаградениот есеј на тема „Јас, граѓанин на Европа“. Се надеваме дека понудените содржини ќе бидат доволен предизвик за да го задржат Вашето внимание.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 22 Feb 2020 18:10
Last Modified: 22 Feb 2020 18:10
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3324

Actions (login required)

View Item View Item