Улогата и значењето на електронската комуникација

Todorovska, Marinela (2012) Улогата и значењето на електронската комуникација. Еквилибриум (7). pp. 19-21. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium_7.pd...

Abstract

Оваа статија ја започнуваме со цитат на поранешниот претседател на САД, Џералд Форд, кој своевремено изјавил: „Кога повторно би се вратил на факултет, би се концентрирал на две области: изучување на вештините за писмено и јавно изразување. Ништо не е поважно од способноста за ефективна комуникација.“ Денес, комуникацијата е уште поважна и бара вложување поголеми напори. Живееме во ера на информации, при што централно место зазема комуникацијата. Комуникациските вештини постојано се рангираат како едни од најбараните способности од страна на работодавачите. Економскиот факултет-Прилеп, следејќи ги овие современи трендови постојано врши промени во наставните содржини за да им овозможи на своите студенти да добијат конкурентска предност во тешката трка до посакуваното работно место. Во рамките на образовниот процес студентите го изучуваат предметот деловно комуницирање, што им овозможува да ги добијат елементарните знаења за улогата и значењето на различните видови комуникација. Меѓу нив, секако, спаѓа електронската комуникација којашто во последниве неколку години ги окупира младите како од аспект на нивното образование, така и од аспект на нивниот приватен живот. Сé поголем е бројот на млади луѓе кои поголем дел од времето контактираат со помош на компјутерите и другите современи направи, без притоа да имаат каков било контакт со реалниот свет што ги окружува.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 22 Feb 2020 10:03
Last Modified: 22 Feb 2020 10:03
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3308

Actions (login required)

View Item View Item