Претприемнички викенд на УКЛО

Gveroski, Miroslav (2012) Претприемнички викенд на УКЛО. Еквилибриум (7). pp. 10-11. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium_7.pd...

Abstract

На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола во периодот од 4 до 6 мај 2012 година, а во рамките на кампањата „Осмели се, направи го првиот чекор“ од Владата на Република Македонија за да се поттикне претприемничкиот дух во соработка со Универзитетот и бизнис заедницата, беше организиран претприемнички викенд, под наслов „Од студент до претприемач за еден викенд“. Целта на овој настан беше да им се овозможи на студентите да се здобијат со поголеми знаења за тоа што значи да се биде претприемач и да се започне сопствен бизнис. На настанот беа одржани предавања од проф. д-р Мирослав Гвероски и доц. д-р Снежана Мојсовска Саламовска, поврзани со претприемништвото и започнувањето сопствен бизнис. Исто така, претприемачи од бизнис заедницата ги изнесоа своите искуства и приказни за започнувањето на сопствениот бизнис. На настанот зедоа учество четиринаесет екипи од сите членки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ коишто имаа задача своите идеи да ги претворат во бизнис планови и ги презентираа на последниот ден од претприемничкиот викенд. Од Економскиот факултет - Прилеп на настанот се натпреваруваше екипа составена од студенти од прва година, во следниов состав: Наташа Талеска, Симона Дреноска, Рената Стојановска и Марија Алексовска, додека за координатор на екипата беше определен доц. д-р Оливера Костоска. Во продолжение ги пренесуваме впечатоците на студентите од нивното учество на овој настан.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 22 Feb 2020 10:03
Last Modified: 22 Feb 2020 10:03
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3304

Actions (login required)

View Item View Item