Промоција на дипломирани студенти и магистри

Micalevska, Tatjana (2012) Промоција на дипломирани студенти и магистри. Еквилибриум (7). pp. 8-9. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium_7.pd...

Abstract

Економски факултет-Прилеп и оваа година продолжува со воспоставената практика на свечено промовирање на дипломираните студенти и магистри по економски науки. Така, на 24 април се одржа свечена промоција со доделување дипломи на дипломинарните и магистрираните студенти. Церемонијата по вторпат се одржа во холот на Факултетот, а меѓу големиот број присутни беа и министерот за образование и наука на Република Македонија, м-р Панче Кралев, ректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, проф. д-р Златко Жоглев, проректорот на Универзитетот, проф. д-р Сашо Атанасоски, деканот на Економски факултет-Прилеп, проф. д-р Ѓорѓи Манчески, продеканите на Факултетот, градоначалникот на општина Прилеп, г-дин Марјан Ристески, и многубројни претставници од бизнис секторот, како и блиски роднини на дипломираните студенти. И овојпат посебно признание им беше оддадено на најдобрите дипломирани студенти во генерацијата. Тие имаа чест дипломите да им ги додели министерот за образование и наука на Република Македонија, м-р Панче Кралев. Исто така, на овие студенти традиционално им беа доделени парични награди и пофалници. Потоа, министерот, П. Кралев, се обрати до присутните, при што ја потенцира важноста на образованието и го истакна Економскиот факултет-Прилеп како место од коешто излегуваат способни кадри, подготвени да се соочат со различните предизвици на пазарот на труд. Она што стави посебен печат на целата церемонија беше доделувањето на дипломите на првата генерација студенти кои завршија втор циклус студии на Економскиот факултет-Прилеп, според европскиот кредит трансфер систем. Дипломите на 21 магистер им беа доделени од страна на ректорот на Универзитетот, проф. д-р Златко Жоглев. Тој во своето обраќање до присутните најнапред ги поздрави дипломираните студенти и магистри, а преку латинската поговорка Omnia mea mecum porto (сé свое со себе носам) потенцира дека знаењето претставува богатство што не може да исчезне, туку само да се зголемува. На крајот од свеченоста деканот на Факултетот, проф. д-р Ѓорѓи Манчески, ги поздрави присутните и истакна дека Факултетот заврши дел од својата работа, овозможувајки им на студентите предавања од квалитетни професори и поврзување со организациите каде што тие имаа можност за извршување практична работа, но им порача на студентите дека, сепак, најважен фактор за нивниот успех се самите тие. Она што ќе им овозможи успешна кариера е вербата во самите себе, во своето знаење и желбата за надоградување на тоа знаење. Во таа насока, Економскиот факултет-Прилеп настојува да ги следи современите трендови во развојот на економската наука и да им пренесува на студентите квалитетни знаења. За оние кои сакаат да го продолжат процесот на образование, деканот им ги посочи можностите што ги нуди Економскиот факултет-Прилеп, како што се постдипломските и докторските студии. Убавата атмосфера беше збогатена со културна програма преку настапот на гудачкиот квартет „Пламенка“, а по завршувањето на формалниот дел гостите го продолжија своето дружење на организираниот коктел. На овој начин Економскиот факултет-Прилеп уште еднаш достојно го одбележа промовирањето на новите дипломирани студенти и магистри по економски науки, а се надеваме дека овој настан ќе остане долго врежан во сеќавањата на присутните.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 22 Feb 2020 10:03
Last Modified: 22 Feb 2020 10:03
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3303

Actions (login required)

View Item View Item