Високото образование во Република Македонија, состојби, проблеми и перспективи (2)

Pechijareski, Ljupcho (2012) Високото образование во Република Македонија, состојби, проблеми и перспективи (2). Еквилибриум (6). pp. 9-12. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium_6.pd...

Abstract

Два основни процеса ги оцртуваат хоризонтите на промените во високото образование во Република Македонија во изминатиот период. Првиот се однесува на примената на Болоњската декларација, а вториот е антиципиран од одлуката на Владата за дисперзирање на високото образование во Република Македонија. Станува збор за процеси во чии добри намери не се сомневаме, коишто во определени сегменти дадоа позитивни резултати, но генерално посматрано создадоа голем број проблеми, односно се одразија негативно врз квалитетот на студирањето. Имплементацијата на Болоњската декларација, односно студирањето според Европскиот кредит-трансфер систем на студентите требаше да им овозможи: зголемена мобилност и флексибилност, зголемен избор, гарантирање на академското признавање на студирањето во други високообразовни институции; стандардизирање на содржините и квалитетот на студиските програми, подобар квалитет и ефикасност во студирањето и сл. Притоа, студентите остварија само мал дел од овие придобивки, заради тоа што неговата примена се темели врз принципот на октроираност. Имено, неавтентичниот пристап во неговата имплементација, пред сè, изразен во не почитувањето на реалните состојби, механичката примена и отсуство на креативни самостојни решенија доведе до низа аномалии, коишто негативно се одразија врз квалитетот на студирањето.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 22 Feb 2020 09:37
Last Modified: 22 Feb 2020 09:37
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3294

Actions (login required)

View Item View Item