МБА студии – Универзитет Френклин, Охајо

Dimeski, Nikola (2012) МБА студии – Универзитет Френклин, Охајо. Еквилибриум (6). pp. 4-5. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/ekvilibrium_6.pd...

Abstract

На 18. февруари 2012 година, на Економскиот факултет – Прилеп свечено започнаа со работа МБА студиите на Френклин универзитетот од Охајо, САД во Република Македонија. По повод започнувањето со работа на овие студии, на првата генерација постдипломци, покрај директорот на студиите, м-р Никола Димески и ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, среќен почеток во студирањето им посакаа министерот за образование и наука, Панче Кралев, и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. Ресорниот министер, Панче Кралев, во честитките до Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, којшто е партнер во реализацијата на студиите, укажа на потребата и другите високообразовни установи од државата да го следат примерот за јакнење на професионалните вештини и стекнување повисоки квалификации. Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, истакна дека студентите на МБА студиите за бизнис администрација имаат можности да стекнат нови теоретски и практични знаења, неопходни за раководење и развој на бизнис секторот, и тоа благодарение на професорите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и од Универзитетот Френклин. Директорот на студиите, м-р Никола Димески ги поздрави присутните и посочи дека со успешното реализирање на овие студии, коишто се единствени од ваков вид во Република Македонија, се потврдува не само значењето на Економскиот факултет – Прилеп и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во образовниот процес во државата, туку и квалитетното образование што овој Факултет им го нуди на студентите. Исто така, тој додаде дека од исклучителна важност е апликативноста на овие студии, при што студентите, уште во текот на студиите, ќе можат да ги применат стекнатите знаења и компетенции во своите области и работни позиции. Со тоа директно се зголемува квалитетот во функционирањето на компаниите во Република Македонија. Првата генерација на овие студии ја има можноста и официјално да ја добие поддршката од Владата на Република Македонија, односно од Министерството за образование и наука на Република Македонија, главно преку доделување на пет целосни стипендии за магистрантите. На оваа пригодна свеченост, претставниците од Универзитетот Френклин и Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола доделија и девет делумни стипендии. Оваа поддршка се очекува да биде силен стимул за студентите на МБА студиите по бизнис администрација, но и поттик за идните магистранти. Договорот за заедничките студии е потпишан на иницијатива од министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски, кој и самиот магистрирал на Универзитетот Френклин. Заедничките студии од втор циклус од областа на бизнис администрација (МБА) на Френклин универзитетот се први и единствени од ваков вид во Република Македонија. Тие ќе се реализираат од страна на Френклин универзитетот, и тоа според студиската програма и правилата за студирање од овој Универзитет што важат во САД. Наставата ќе се реализира на англиски јазик во просториите на Економски факултет – Прилеп. По завршувањето на студиите кандидатите ќе добиваат американска диплома (Master of Business Administration) од Френклин универзитетот. Во рамките на студиите е предвидена и можност за посета, престој или реализација на дел од студиската програма во САД, во кампусот на Френклин универзитетот во Колумбос, Охајо. МБА студиите на Френклин универзитетот траат 21 месец и вклучуваат десет суштински предмети. Класичните предавања се предвидени за време на викендите, што оваа програма ја прави исклучително флексибилна за професионалците. Студиите се реализираат преку современ концепт на студирање и тие претставуваат комбинација на on-line и класичните студии. Деталниот наставен план, што претставува комбинација од теорија и пракса, особено ја истакнува аналитиката, современите деловни комуникациски вештини, како и општествената одговорност, со што би се изградила основа за практични деловни стратегии и прилагодливи менаџерски способности што особено се потребни на постојано променливиот глобален пазар. Студиите на кандидатите ќе им обезбедат единствена можност за учење, и тоа како во насока на стекнување теоретско знаење потребно за развивање бизнис вештини, така и во насока на изградување соодветни квалитети, што се неопходни за професионалците на новото време. Програмата е дизајнирана на начин што овозможува оспособување на студентите за лидерска функција, а тоа значително ќе придонесе во нивната работа за развој на нивната организација и, секако, општеството во целост. Оваа програма, дополнително, е креирана за професионалци кои се заинтересирани за напредување во кариерата, преку задоволување на барањата со коишто тие секојдневно се соочуваат на работните места, како и преку зголемување на нивото на компетенции со што ќе можат да одговорат на растечките и комплексни деловни предизвици.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 22 Feb 2020 09:37
Last Modified: 22 Feb 2020 09:37
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3292

Actions (login required)

View Item View Item