Недела на компанија

Risteska, Aneta (2011) Недела на компанија. Еквилибриум (5). p. 23. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Можноста за интегрирање на знаењето и искуствата е клучниот предуслов за успехот на компаниите и подобрување на образовниот систем. Денес живееме во свет со турбулентни промени, каде што особено значење имаат глобалните текови во сферата на економијата и бизнисот. За да успеат во глобалната конкуренција компаниите сé повеќе мораат акцентот да го ставаат на воведување современи знаења, вештини и иновации, како и воспоставување соодветна соработка со високообразовните институции.
Во таа насока, Економскиот факултет-Прилеп веќе од поодамна има воспоставено традиција на соработката со бизнис секторот. Имено, на 6 декември 2011 година, во рамките на реализирање на активностите на Центарот за перманентно професионално усовршување беше организирана недела на Еуропрофил АД Крушево, при што беше извршена промоција на производната програма и патентите на компанијата. Исто така, во рамките на овие активности беше одржана презентација од страна на претставници на Еуропрофил. Во тој контекст, г-дин Блаже Ширкоски, менаџер на Еуропрофил во своето обраќање ги запозна студентите со профилот, стратегијата и развојот на компанијата, а потоа г-дин Живко Ширкоски, претседател на Управниот одбор на компанијата ја потенцира научно-истражувачката дејност на компанијата и значењето на иновациите за нејзиниот успех.
Во последниве години светот е сведок на силата на иновацијата и нејзините конституенти во револуционализацијата на бизнисот и економската состојба. За развој на иновациите значајна е креативноста којашто претставува ментален процес што вклучува создавање нови идеи, поими или решенија за проблемите. Во таа насока, Еуропрофил е една од ретките компании којашто, како резултат на својата научно-истражувачка активност, има повеќе иновации за коишто има добиено патентна заштита.
Ваквите активности имаат големо значење за подобрување на квалитетот на едукација и мотивација на студентите, стекнување со соодветни вештини, фаворизирање на тимската работа, како и интердисциплинарниот пристап. Истовремено, на тој начин компаниите остваруваат промоција на својата производна програма и се информираат за расположливиот високостручен кадар што се едуцира на Економскиот факултет-Прилеп.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 21 Feb 2020 19:49
Last Modified: 04 Mar 2020 11:29
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3268

Actions (login required)

View Item View Item