Воведен збор

Mojsovska Salamovska, Snezana (2011) Воведен збор. Еквилибриум (5). pp. 3-4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://eccfp.edu.mk/files/biltens/dekemvri_ekvilib...

Abstract

Почитувани читатели, Пред Вас го имате петтото издание на Еквилибриум, коешто од печат излегува во последните денови од уште една исклучително успешна календарска година за Економскиот факултет-Прилеп. Предновогодишниот период е време на резимирање, сумирање, рефлексии, но и на подготовки за предизвиците што со себе ги носи секоја Нова година. Во ова издание на Еквилибриум се испреплетуваат најразлични содржини што ја отсликуваат силната динамика на активности во нашата високообразовна институција. За краток период од почетокот на академската година Факултетот реализираше бројни активности, а во овој број читателите ќе имаат можност да проследат некои од нив. Во тој контекст, најголем број од текстовите се инспирирани од активностите на Економскиот факултет-Прилеп, како што е одржувањето на научниот хепенинг, гостувањата на надворешни предавачи и експерти, презентациите на компании и сл. Освен тоа, овој број на Еквилибриум изобилува со квалитетни научни и стручни текстови коишто привлекуваат внимание и наведуваат на критичко размислување. Во последниот месец од 2011 на Економскиот факултет-Прилеп беше организирана уште една успешна промоција на дипломирани студенти. Така, еден од прилозите е посветен токму на оваа манифестација што стана заштитен знак на нашата институција. Вредно е да се истакне и текстот којшто е инспириран од доделувањето награда за најдобар научен труд на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, што ја доби студентка од нашиот факултет. Заради тоа, горди сме со нашите студенти и се радуваме на нивните успеси исто колку и тие самите, затоа што нивните успеси се потврда за квалитетот на наставно-научниот процес што во континуитет се реализира на нашиот факултет. Посебно радува фактот што со секој нареден број на Еквилибриум нагласено расте интересот на нашите студенти за публикување нивни статии. Така, студентското катче во Еквилибриум зазема сé позначајно место. Во овој број се објавени повеќе студентски прилози што говорат за бројните активности на студентите, нивните ангажмани, посети на организации и институции, саеми, реализирани пракси во странство, учества на спортски манифестации и сл. Во овој контекст треба да се нагласи важноста да се споделат нивните искуства, очекувања и достигнувања коишто ја отсликуваат динамичноста на нашата академска средина. Преку успешно заокружување и на оваа календарска година на сите читатели на Еквилибриум им посакуваме среќни новогодишни и божиќни празници, со желби за добро здравје и професионални успеси во Новата 2012 година. Економскиот факултет продолжува да се движи по трасираната тратекторија на успехот и се надеваме дека периодот што следи ќе биде исполнет со нови значајни достигнувања.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 21 Feb 2020 19:48
Last Modified: 21 Feb 2020 19:48
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3260

Actions (login required)

View Item View Item