НОВИТЕ ДИМЕНЗИИ НА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА И ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ

Atanasoski, Sasho and Rocheska, Slavica (2003) НОВИТЕ ДИМЕНЗИИ НА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА И ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ. Воведен реферат на Меѓународниот симпозиум,Регионалната соработка и економскиот развој. pp. 3-15.

Full text not available from this repository.

Abstract

Проширувањето, продлабочувањето и забрзувањето на процесите на регионална соработка и интеграција наметнува и актуелизира многубројни значајни прашања и проблеми поврзани со причините, карактеристиките, импликациите и перспективите на овие процеси. Притоа, контекстот, сложеноста и меѓузависноста на процесите на регионалната соработка и економскиот развој значително се променети за разлика од порано. Имено, брзината на настанатите и тековнитете промени доведува до постојани трансформации, односно до создавање и развој на нови димензии и карактеристики на регионализацијата, како процес, и на регионализмот како политика и стратегија на регионализација. Во тој контекст се појави и се разви новиот регионализам како повеќедимензионален, посовремен и, со глобализацијата, покомпатибилен процес. Станува збор за таканаречениот отворен регионализам, којшто се смета за развојна фаза на процесот на глобализација. “Победата” на овој модел на развојот на регионалната соработка и интеграција е се поизвесна, иако спротивставениот концепт, изразен низ моделот на резистентност, се уште не се “предава”. Тој се уште е присутен, потпирајќи се притоа на неекономските и социјалните цели на националните држави како силни аргументи коишто одат во негов прилог. Во прашање се различните нивоа и спротивставености во развојот, и во врска со тоа, дилемите, можностите, начините и тајминзите за усогласување, релативизирање или надминување на различните интереси. Тоа, меѓудругото, го отвора и прашањето за се поизразената неспособност и истрошеност на концептот нација-држава, а како резултат на процесот на глобализација во сите негови димензии. Оттука, овој труд првенствено е фокусиран кон анализа на политекономските аспекти на регионалната соработка и врз таа основа согледување на можностите за поттикнување на економскиот развој и натамошна интеграција на регионално ниво. Клучни зборови: глобализација, регионална соработка, економски развој,

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 21 Feb 2020 19:19
Last Modified: 06 Mar 2020 06:42
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3240

Actions (login required)

View Item View Item